- Мамо, мамо! - ѝ викнавме. Таа остана така со лицето во перницата и ми се причини дека не дише.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Не се движев, дури мислев дека и не дишам. Сега девојката отиде до прозорецот да гледа во некој свет на селото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оттаму од гората прудолу по падините на ридовите и низ полето и врз Имотот и врз сета Поткивица се истура студена тишина во која, им се чини, освен нив тројцата, утките под стреите и бувот на Камен никој друг и ништо друго не живее, не дише.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Братучедите со бавно, бавно вртење на главите како што беа застанати, скоро не дишејќи, се свртеа еден кон друг, вчудоневидено се погледнаа со ококоравени очи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Потоа пак, не дишејќи, ја врти главата и ја носи брадата сега над левото рамено и така ги заповторува вдишувањата и издишувањата доволно долго време.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Миризбата на крвта ми создаваше нагони за повраќање, но се сопирав и се обидував да не дишам низ нос.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)