Имало и некој Бугарин од робијашите, па тој ништо не јадел, ништо в срце не клавал, вели. Само офкал за Бугарија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нешто ќе даваш напред; нешто кога ќе правам стока, а нешто и ќе причекам. Не клават никој мене жар на мевот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Така, пак. Стојко, да не клаваш цела недева чаша во кандивото, нека седи темница, да видиме дали ќе му дојде умот на вој наш светиа да а варди сермиата!— му нареди на маѓерот Стојка кој водеше сметка да не остане „сајбијата“ темница.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
КЕВА: Малку е смургава, ама многу е лична, а белило на лице не клава.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Татко ѝ самарџија. Со него ли да се засватам?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)