Ги собрав желбата, копнежот и сонот, и ги ставив во меур од сапуница.. да се распрснат заедно со него... Да не сонувам.. Да не копнеам.. Да не посакувам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Моето тело гореше како што може да гори телото на еден седумнаесетгодишен младич, и како што, за жал, веќе никогаш понатаму во животот не копнее по друго тело.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не, не копнее таа за никого меѓу овие што се полегнати на сите страни по ситиот ручек, само тој и таа одат во овој час и нешто бараат, тој неа, а таа некаков нејасен лик што ја тревожи нејзината млада душа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)