Но Кејтеновиот син не признаваше, рече: - Никогаш не сум крадел, - одговори, - нишнувајќи ја главата нагоре, на свој начин и јас со сигурност знаев дека никогаш не крадел и нема да се обиде.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таков беше - не крадеше, ама ги мразеше луѓето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И секому во смртта ќе му се пресече колку што самиот си измерил во животот свој.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А наредбата беше да не си изразуваме љубов, да не крадеме, зашто ние бевме народна армија, излезена од народот, така ни велеа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
МАТЕЈ: Гледа манастири. БОРИС: Да не краде икончиња? Пишуваше по весници. Ги продаваат во странство за суво злато.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не е доволно да не крадеш самиот, а да ги пушташ другите да го прават тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа му рекла: „Не крадам од никого. Овие тревчиња се селски и на сите.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ни беше кажано да не крадеме, да не убиваме, да не вршиме прељуба, да не грешиме кон браќата свои, оти гревовите наши носат казна, та сите ние преку Божјата казна ќе плаќаме за своите недела.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)