Ми иде од некаде, ми се присторува дека иде и пушта рака: ме трга да не настинам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
2. АКО СИ ЌЕЛАВ, ГОЛОГЛАВ НЕ СЕДИ - не за да не настинеш народецов се плаши, туку да не те есапат за мудрец кој вреди да ги изреформира сите школства наши...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
- Не трчај - да не се испотиш! - Ако случајно се испотиш - не пиј вода - да не настинеш!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Утрината се разбудив пред тато и мама, ама се преправав божем спијам: да си заминат на работа - да не ми здодеваат со илјадници совети.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Секој со своја ѕвезда - вели баба.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Нејзе ѝ е испомешана сликата и од тоа што пак се појави Костадин, устрау да го удре, се завртува да ги затутли внучињата да не настинат, а тој седнат веднаш до неа, си ја чеша небричената брада божем се чуди што ги снашло.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)