Секогаш бев јас таа што е сакана, јас бев таа која не попушта во ништо, одбрамбениот систем ми беше како Берлинскиот ѕид.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И додека ова го сфаќам, оние коњи со онаа колесница и времето во неа, удри покривот на мојата куќа, кровната конструкција попушти, но сепак куќата не се сруши, таванот не попушти под покривот и не предизвика понатамошно уривање.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Омразата не попушта и се држи за нив, време е што ќе сврши на крајот на еден од нив и напор тоа време да продолжи пак само за еден.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Знајно е тоа - Едип во службата не попушта, но Глигор е човек, а Едип копнее за мил човечки збор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тешко му беше да се крева со олабавените, од болеста ослабените мускули, но додека сосем не капна, додека од мускулите не ја исцеди и последната капка сила, не попушти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Добро би било и Скрче по мојата смрт да не попушта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Добро е што не попуштив... И никогаш нема да попуштам...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Прашањето постојано, како тапа што во никој случај не попушта да потоне во водата, испливуваше на површината, сѐ поубедливо покажувајќи ја својата непокорност на волјата на човекот, па макар тој да е и самиот Ајнштајн.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но, стрико Борис и комитетот не попуштија.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И, ако Лидија не попуштеше, тие сигурно ќе се скараа.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тој ден, за кој ти зборувам, татко ти не попушти. Не отиде в црква. Ниту тој ден, ниту многу други недели.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Работниците не попуштија, режимот реши да попушти, ама привремено, додека ги залаже работниците, и реши да ги прими сосе козите, се разбира плашејќи се и од гладот кој веќе царуваше во градот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)