Имотот што го имал во Езерец му го подарил на манастирот и тогај нашол мир: не сонувал повеќе пожари и не скокал во сонот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не го укале веќе здивот во испуканите дланки и не скокале згрбавени од нога на нога за да се згреат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Скокам на јаже и сега, со моето заљубено мало (големите веќе не скокаат, носат штикли) и не можам вистински и правилно да ја посоветувам.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но сепак, и над тревките и над каменот господарела пролет во која сиромаштијата ги фрлала од себе парталите и сиџимите со кои се врзувала околу половината да ги задржи врз карличните коски беневреците; се ослободувале од болвливи минтани и се свртувале разграштени кон усвитеното сончево око.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
— Да не го виде Манола мој, ми вели. — Не е Манол, велам, не скокај!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)