не (чест.) - спомнува (гл.)

А и Глигор не спомнуваше ништо. Кога ќе речеше нешто, за тоа повеќе не спомнуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мајка ми никогаш не спомнуваше имиња од нејзиниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Но она, за гревот, не спомнувај го. Има такви работи што треба да ги заобиколуваме. Од таквите нешта ми е шубе!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И да не спомнувам дека сета нејзина разголеност беше запалена и посрмена од онаа одвај видлива трепетлива светлина од газјена ламба!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека влегуваше во собата беше како оние сосема нечујни облаци што залажуваат дека ништо не кријат, ништо не носат, но кога наближи и се истури на мене престорувајќи се речен брзак, и кога потоа ме зафати во врелата матица, богами го загубив здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но кога ја прашав од кои причини ги криеме начините на кои општиме со своите спомени таа отворено ми наговести дека искреноста е еден вид разголување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и боите се погодени. Сѐ е во тон“, го пофалив уште еднаш а тој, сетив, дали од моите зборови, или по своја вина, сѐ повеќе го забрзуваше здивот: „Ох, замижувам кога избирам“ одвај шепотеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А бев сигурен дека барем во сонот дружи со некого од нејзиното минато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси секој сонува. Оној кој е спречен да сонува, тој мечтае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А ти, што стори, Нероден Петко: Пред моево лице и пред мојава душа почна да изигруваш господар, дури не спомнувајќи ме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Збор станува за тоа дека животот е протинање низ иглени уши Некој непознат нè држи цврсто за вратот нишани во увото на иглата и говори суво како да чита од Светото Писмо: Не дишете додека ве протинам приберете си го јазикот Цврсто затворете ги очите Протинањето подразбира гаснење на светлината Протинањето е патување низ мрак И не спомнувај го повеќе спокојството Мускулите нека спласнат Помислите нека исчезнат И заземете став на птица пред летнување Сѐ друго ќе биде запишано на вашата кожа со ваша крв.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А да не спомнувам дека сенката до тебе и не беше само привид туку Елена, Твојата Лена што јаваше на атот по распеаниот макадам на ослободениот град!? (Чудесен дар на сончевата неисцрпност).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Да не спомнувам како постапуваше уште вчера; како потскокнуваше кога ќе се појавев.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- И не спомнувај му го името, ако не ти треба, ако не сакаш да го видиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)