- „Не старее само џамот“ , велам, „сѐ друго старее“ , си спомнувам на Лазора Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таквиот живот имаше свои предности. Нацртан како дете, З не старееше.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Или, сепак, да живее фантазијата бидејќи само таа не старее.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го гледав: беше речиси неизменет, како да не стареел, како да немал време да го направи тоа; само брчките на челото му беа некако поистакнати, како некој запис да имаше на челото, господин судија, како да е тоа линија на животот што наместо на дланка, кај него се преселила на челото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)