Убаво е кога знаеш сѐ, не се губиш во нереалност, не тонеш во туѓите гадости!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Илко и Богуле зафатија да му фрлаат на Методија дрвја, гранки за да се зафати, да не тоне; но силната вода ги носеше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тапите не тонат. Плутаат. Знаеше, нели?!
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)