не (чест.) - учествува (гл.)

Марко не учествува во битката на Косово, но не му ни помогна на Лазара, дури и му одзеде некои територии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во двете минути омраза тој не можеше да се оттргне и да не учествува во општиот делириум, но ова нечовечко извикување „ Г-Б !.... Г-Б !“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И извонредно добро ја сфатив потребата дека при донесување на важните животни одлуки не учествува само срцето, туку разумот и прагматичниот дух.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Улиците не се преплавени со вооружени млади деликвенти, стапката на убиствата изнесува една петина од онаа во Соединетите Држави; проблемот на наркоманијата е мал и судејќи по сѐ опаѓа; уживањето на хероин е под контрола, кокаинот претставува мал проблем, додека крек речиси и нема.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Недозволен пазар со дрога постои, но во него не учествуваат малолетници привлечени од високите заработувачки кои ги овозможува криминализацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кај нас, театарџиите (секоја чест на исклучоците) во слободно време можат да бидат се: пекари, лекари, столари, аптекари, травари, таксисти - само не консументи на театарски претстави во кои не учествуваат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А вие, браќа мои, “ - им се сврти на браќата кои беа тука присутни, но не учествуваа во дискусијата, „да кажевте нешто за овие работи?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пред педесет години, во палеоиндустриското доба, работните луѓе не учествуваа активно во спортот. 76 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)