Тој пак ги стушува веѓите, ги собира, ги смешува. - Војниците ми требаат на фронтот, вели, а не в постела кај жените. 99
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Море не в куќи, туку да не сум те видел покрај мојата куќа да си поминал. Надвор, ти грчки подлизурко!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да, мајко Персо! Ти благодарам што ме потсети да појдеме денеска до на црква, а не в среда!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како мрачно предупредување дека е виновен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Глас Далеч од баштина, далеч од роднини, Не в чужда за мене земја, В полјани китнести, зелени долини, Самичак в планина шетам ја.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)