Прав си, не еден склаф е земен, и кој не бил откупен му летнала главата од рамената.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Не еден од тиквешките бегови собра и по пет-шест – десет души луѓе што ги фати по изгорените села и ги отера да му работат по чифлизите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Та само прстење педест или сто се малку за една свадба. Што ќе ги дарува невестата другачки си, ако не еден прстен?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И помагаше по некој пат кај кајмакамот со своите интервенции и не еден мариовец беше се избавил од разни беди, благодарејќи на овој ага.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)