И покрај сета бесмртност
трошка леб молам
('Лебот се гледа со очи!')
еден добар, една добра, едно добро
за душа
на оној кој ја презира златната средина
оној кој се чувствува удобно
во сопствената природа
и лебди леко, глатко глето
клепка врз клепка - лебедова свила
по рабовите на смртното
случајно жив
фанатично осамен
благодарение на предрасудите за природното
и вештата заблуда
дека живее во заедница
а не сам, самотен!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кажи: задоволството е во
занесот по зборовите, не самите зборови:
кога сѐ е речено, недоречено
кога зборувањето е пасија, од по жица
по тенок мраз, скок над гротло ;
кога се разбираме молкум,
со поглед, со мимика, со гест
со крстот на чело;
кога се разбираме наспроти зборовите
со интонацијата, со бојата на гласот;
кога ситуацијата е дел од разговорот;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И акибет се стори к'смет — („ама не сама", си вели со умот).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)