„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
1. КОГА МЛАДИТЕ СЕ ВЕСЕЛАТ, СТАРИТЕ СЕ СРДАТ - не затоа дека таквите веселби ги плашат, ами дека во тој ритам не смогнуваат да мрдат без коска да исчанчат ил' око да вџашат ...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)