Донесле алишта и го зела лисицата во една одаја за да го промени и му рекла: - Море воденичаре, море ослепенику, море штотуку се пулиш на алиштата бре, море немој бре, оти ако те сетат, пците ало ќе ти го јадат. Знаиш, али не знаиш?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
— Немој бре Толе, не пусти го селото, бре брату! Не гледаш ли колкава сила нѐ налегнала па и ти сакаш да не дозапустиш! — молеа селските луѓе, но востаниците беа гладни и истоштени, а Толе им вети дека ќе најде леб оттаде река.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Немој бре Митре, - му велел, - не гибај ме.“
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)