неоти (чест.) - ќе (чест.)

И неоти ќе биде нешто од твоето учење, - зборуваше таа без запир, размавнувајќи на сите страни со рацете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ете, сестрица Митра носи тепции, повелете, вечерајте си, неоти ќе ве прегостиме, шо дал господ леб и сол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па неоти ќе не остават сега агите живи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција ќе имав троа повеќе време ама неоти ќе разберев зошто некои градови остануваат без жители.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
— Шо сака со вас нека стане, кога немате семки во главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- А јас му реков поначесто. Неоти ќе му се родат. - Па кажи му утре.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)