— Сполај богу, ете арни сме, си седиме и се спремаме за нова работа, — одговори Бино и не се зачуди кога Доста рече „добро утро" бидејќи знаеше дека таа е шетана жена и ги знае сите редишта.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
9. — Добровечер, Андоне. — Далти бог добро, Толе. — Како си, шо правиш, шо чиниш, како поминуваш, Андоне? — Сполај богу, Толе. Ете, работа потроа, живеа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Како му оди на Петрета трговијата?“ - ги прашаа тие жените. „Сполај богу, сполај богу“.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сполај Богу и тебе, мајче... да си жива и здрава...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
– „Море ние, Силјане, сполај Богу, си поминуваме, туку ти, ти како помина по туѓина, кажи ни некои унерии, елбете тоа, што си видел ти, ние не сме виделе,“ му рекле селаните.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Жените се загледуваат во него, а тој стои молчалив, со стегнато грло, нем.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И се чини дека тој лежи пред неа, тука, до нејзините колена.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- А јас - настојуваше Крстовица - вака би му кажала во книгата на стопанот: - „Стопану Крсто, здравје, имам, сполај богу и...“ - и таа залипа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сполај Богу, вели, земјата е плодна и бериќетот го откупува државата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)