Среда Февруари Не чекај го денот, ноќта е премоќна.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
И замини веднаш, не чекај го утрото. Можеби нема да осамне.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ајде после со саати чекај го автомобилџијата да го прави, ако не сакаш како твоја милост куферите на рамо да ги носиш. (Се смее).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Спушти ја завесата прв чинот на својата комедија и стрпливо чекај го крајот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Чекај го татко ти да вечераме. - Не ми се јаде. Јадов кај Коце, - излага Гоце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- А, ти, стрино - и реков - застани, ене, таму, на ридот и чекај го писмениот, ама и чувај го писулчето за да ти го пее тој учениот што ќе дојди...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)