Ако сум јампска сачма чекај ме не дочекувај во порткокалова вода од чешма.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
За час се прибра и одвај чујно, уморно му рече: - Не чекај ме, Драгане! Оди си, те молам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Многу ми е жал... појаснуваше со треперлив поглед, и широко отворена уста на која играше полунасмевка, некако скриена а полна со љубов и широко отворени очи во кои стравот беше се завил до дно, а сепак од нив излегуваше љубов, па рече: - Јас ќе се вратам, чекај ме!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Викторе, чекај ме утре на автобуската станица во Скопје. Доаѓам со „Ниш експрес“ од Белград.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Наскоро ќе почнеме со пробивање на фронтот... Чекај ме... Не мажи се... Твој Наќо“.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не чекај ме попусто, моја полска пеперутке, моја прилепска мандулке“, одговарам јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Чекај ме! - рече Бојан, па поучен сега од искуството на Денко, почна да се катери по карпата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Би морале да успеат, разбираш! - А ние мораме ли? - Јас морам, а ти чекај ме долу! - рече Бојан и зачекори по стрмнината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе ме најдеш во опинок, ќе ме најдеш во копито, ќе ме најдеш во кожурка, во џбутаре, ќе ме најдеш нигде-никаде...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Чекај ме на запад кај што сонце изгрева, чекај ме на исток кај што сонце заоѓа, чекај ме кај што петел не пее, кај што вода не тече, кај што тапан не тумба, кај што ѕвезди не светат...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Вечер ќе зобаш - тоа ли? Добро, околу куќава има трња. - Вечер ќе дојдам кај тебе. Чекај ме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Носело магарето 'рпалци, сега бара зобница да му врзам на муцката, предизвикувачки рекла со необично ѕвонлив глас. - Вечер, се душел од возбуда Арсо Арнаутче. - Вечер, бездруго.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да ти ја пропржам урдата. - Не знам. Не чекај ме. Ќе каснам што ќе најдам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Затоа од фронтот чекај ме жив и здрав!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Само си мислам дека би можела веднаш да заминам за Будимпешта, кога навистина би сакала.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Доаѓам петок стоп чекај ме мост. Кој мост?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)