Во врска со овие поведенија се воведе и процедурална одредба, чл. 57-б, со која се пропиша дека доколку инспекторот на трудот утврди дека е сторена неправилност ќе состави записник и ќе укаже за нејзино отстранување во рок од 8 дена, а истовремено ќе врачи и покана за едукација на работникот или работодавачот, која се спроведува во рок не подолг од 8 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)