Околу пресудите на 92 Основниот и Апелациониот суд во Битола, Ѓорѓиевски ќе додаде дека многу не го изненадиле, со оглед на фактот што има сериозни сомневања оти судиите суделе во корист на бугарските газди, откако претходно биле компромитирани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, во март 2010, повисокиот судски совет (во состав од судиите: Љ. Нешкоски – претседател, П. Јадровска и А. Настевска – членови), донесе второстепена пресуда со која жалбата на Ѓорѓиевски ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд од Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа, бидејќи го знае просторот, сигурно нешто ќе додаде.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но, ќе додадам нешто од моите екстрадиегетички (нагласувам, надмени) погледи на светот (се надевам, ова последново не ќе треба да го дообјаснувам со фуснота).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Имагинацијата, тврди Ајнштајн, е позначајна од знаењето.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ф.Мајер ќе додаде дека „склоноста кон утопија низ вековите може да се објасни како природна склоност на човекот да се воздигне над историскиот момент“.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Напати ќе додадеше: „Ти порасна а јас почнав да се прашувам: каде исчезнало од собата моето дете? Затоа и оставам гласот да прошета. Некој за да ми се одѕве!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но, веднаш ќе додадам: со појавувањето на Ѓурчин во моите размисли многу често наидуваше и една цеала толпа горчливи сознанија!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А веднаш ќе додадам дека не сум баш таков каков што настојував да се претставам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се свртив накај вратата токму во моментот кога во собата влегуваше Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам дека еден дел од разговоров со Таша го водевме онаа вечер кога и го предавав решението за пензијата, или за помошта што и беше доделена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А аферите што ми ги припишуваа беа обични чадни скалила по кои се обидуваше моето машко его да се покачи барем малку повисоко над другите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Јас само ќе додадам дека тетка Маца навистина засекогаш остана стара мома...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе ни олесни ли таа во сето тоа, или ќе додаде тежина.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
„Зар не гледаш, зар не виде оти јас сум ангел, а не старица“, ќе рече сестра Ангелина од истоимениот расказ, а раскажувачот ќе додаде: „Како самиот Господ да ја пресоздаде ликата на сестра Ангелина.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Само за кратко време!“, ќе додадеше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Никогаш не му требаа лично за него, туку секогаш најпосле цврсто да ја втемели својата егзистенција.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таки првин ја развлече устата, а потоа ја подотвори на начин кој ветуваше дека ќе додаде уште нешто, но одеднаш замолчи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога се бара од мене да го опишам и со зборови настанот што во Записникот го имам наречено планирана одмазда се соочувам со повеќе проблеми.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А ако одговореше потврдно веднаш ќе додадев дека ваквиот нејзин карактер го обожавам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Денес уште ќе додадам дека само лошо вљубените можат да тврдат дека не страдале од оваа среќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А во врска со последиците само ќе додадам дека човекот е такво суштество: со негодување ги дочекува настаните за кои знаел дека наскоро може да се случат, но ете, тие се поиграле со неговите предвидувања: пристигнале порано, иако можело да се случи да пристигнат и некој ден подоцна од планираното.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И уште ќе додадам дека во сите такви ноќи Загорка Пеперутката настојуваше да остане покрај мене).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јас само ќе додадам дека тоа беа мигови кога ноќта ги истури зборовите што ги беа смислиле суштествата од високите гранки, додека Борис Стојчев, или поточно соред Катерина привидот од неговата сенка, шеташе по мермерните плочки што ја оградуваа фонтаната и се ѕвереше угоре, во крошната, од која еден по еден се јавуваа гласовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И уште ќе додаде: најпосле, таа тврдина е разурната од мојата машка упорност. (упорноста напати ја заменуваше и со зборот професионалност), и сиот озарен од своето суетно задоволство најпосле малку посмирено, и со еден вид збунетост и извинување ќе констатираше: гледај, мајката, тврдината со валкано минато сепак била обична девица...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Овде само ќе додадам дека знам кога гласовите му припаѓаат на човека а кога на ѕверот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Патем веројатно ќе додадеше дека ја радува неговата избирливост.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Но што да се прави“, ќе додаде Поетот, „и кожата што упорно ја носиме не се знае колку е наша творба!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако видам зорт, ќе додадам нешто за некој друг, ама својот не го издавам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)