Ајде да направиме летен театар  од песокливи кули  и сонливи дилижанси  и бакнежи од шаторски преспивања  Ајде да направиме летен театар  со карневалски маски  со скришни сказни  со ружи  и ѕвона што ќе ечат крај езерото.
               
             
           
            
            
              „Чекајќи го ангелот“
               од Милчо Мисоски 
              (1991)