Неочекувано, со чемерна шегобијност но зајакната со калапот на привидната осаменост, го прашала ја сака ли за жена и дали не ќе зажали што не се вратил во своето село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И ќе зажалиш таму за оваа наша планинска миризба, - рече Кирил, па ја опфати со еден поглед долината и ги рашири ноздрите, напнувајќи ги градите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Целосно верувајќи во Мурџо, тетката Перса не ги сподели своите размисли со Пелагија, дека кога децата се заедно секогаш треба да се има на ум Дончо за да не се случи нешто за што подоцна ќе зажалат.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Аполинер силно ќе зажали кога Коница ќе ја напушти Европа и засекогаш ќе замине за Америка.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Бегај, реков. Не сум јас невеста ни за гол ни за натоварен младоженец со три деца и не сум жена што легнува пред секој што ќе ѝ тропне на врата со коледарска ластегарка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)