Ќе се вратиме од Луксембург кога ќе заработиме за куќа. Но дотогаш... Ацо не ја заврши мислата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Белки пролетаријатот ќе заработи толку, што и за нас, борците, ќе оддели некоја пара за да не мораме да работиме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со незначителен интерес за пишување, тој се посветуваше без надеж дека нешто ќе заработи за опстанокот на своето семејство во егзил на старите нечитливи кадиски записи...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А, лебами, Мамуд и други параспурџии од чаршијата којзнае цела недела дали толку ќе заработат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Рекол дека ќе заработи за голема куќа и дека ќе се врати. Но, не се вратил.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури отсега тие ќе заработат самостојно и снабдувањето со динамит ќе го постават на прв план.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)