ќе (чест.) - зајде (гл.)

Навечер, штом ќе зајде сонцето ( а тоа во Трново малку порано се сокрива зад високите ридишта што опкружуваат) и ќе се запалат првите светилки, во бучавоста на Јантра се создава една визија, дека на дофат на раката се испружил некој град, град кој, чиниш плива во воздухот на некој волшебен килим, град од приказните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од „Сен Жермен де Пре“ не се далеку „Шатле“ и оние париски кејови кои најмногу оживуваат во првите вечерни часови, штом ќе зајде сонцето, и штом ќе залади времето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Итаа кон корзото штом сонцето ќе зајдеше зад „Мерите“, штом месечината ќе ги подадеше првите зраци, а во центарот на градот ќе замирисаше на печен сончоглед и семки од тикви.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сонцето ќе зајде, ќе се истркала зад ридовите, а неговата светлина уште ќе им грее на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога сонцето ќе зајде, кога месечината ќе зајде, кога огнот ќе згасне, кога звукот не ќе се слуша, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога сонцето ќе зајде, кога месечината ќе зајде и кога огнот ќе згасне, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога ќе зајде сонцето и месечината, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога ќе зајде сонцето, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
30. КОЈ ГО ЗАГУБИЛ СРАМОТ, ТА ТОЈ ДА ГО НАЈДЕ - нели срамот е нешто од светот што се крие, и небото црвенее кога сонцето ќе зајде, а од срам да црвенееме заборавивме ли ние?!... мачкај ја колата да не чкрта!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Од таквите другари изгледа најдолго ќе го паметам Грофот од УДБА, оној кој и сега штом ќе зајде сонцето го нагрнува црниот кожен капут.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога почнува кај вас? - Штом ќе зајде сонцето. - Тука сме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не, не се прекорувам поради тоа. Не се имам дури ни замислувано себе си со јасен и одреден пат, како сонцето да речеме, или дури како месечината: ќе изгрееш оваму - ќе зајдеш онаму.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си мислев никогаш во мене не ќе догори свеќата моја - а догорува Си мислев никогаш реките не ќе зајдат – а зајдуваат Си мислев дека е веќе крај на сѐ – а сѐ одново почна.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)