Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И земјата нас не чека. Семето го фрливме во изораните бразди. Никнало. Ќе класа. Ќе зрее. Ќе треба да се ожнее.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кога узнав за настанот во дуќанот за сода-вода, многу ѝ се налутив на Рајна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Најпрвин само ќе се најави, далеку негде, по сртовите на ридовите; ќе забели како нашите белки во темнината, бавно ќе зрее, ќе дозрева во темнината, а дури потоа, и тоа наеднаш, ќе се истури и помеѓу нас како бел безшумен дожд. И гледаш - осамнало.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)