Дали кај некој од неговите потомци овој потиснат сон ќе избувне, ќе наложи излез, тоа повеќе не беше во кругот на неговиот живот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Билката чии корени се во нашите претци, ќе избувне во нови таинствени цветови.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Пролетта 1897 година било формирано “Револуционерно братство“ со цел, како што признава самиот Иван Гарванов, “да се одбие Комитетот (Револуционерната организација, односно ЦК - б.м.) од лошиот пат и да се одбегне брзањето со револуцијата, за која ние сметаме дека е предвремена, мислејќи дека таа навистина брзо ќе избувне“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Само еден понемирен бран на возбуденоста и тој ќе избувне искрен и слободен и ќе го урне во бездната она за што е дојден и што вака пристрасно го носи во себеси.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но кога ќе избувнеше вистинскиот татков крик, тогаш мислата негова сигурно славеше победа над зборовите, ги потчинуваше...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ах, оживеа вулканот! викаат, се тресат. Влегуваат во куќите, и пак излегуваат; место не ги држи; не знаат што да направат: да бегаат или да чекаат; ќе избувне ли лава или нема да избувне.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И Оруш варџијата продолжи да добива писма од брат му Тане во кои сè така му пишуваше како и порано: дека чадот иако запрел, вулканот е подмолна ѕверка, дека тој само привидно е смирен, и ќе избувне кога луѓето најмалку ќе го очекуваат и ќе му се надеваат - но Оруш писмата не ги отвораше, туку како што ги примаше - така ги гореше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Имало случаи и обратно: за оние што рекле дека ќе избувнат не избувнале, а создале само паника и несреќи при бегањето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А децата, пак, гореа од некоја желба, од некое љубопитство, да видат како ќе изгледа кога ќе избувне вулканот, како ќе исфрлува лава...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Луѓето се собираа околу нив, и ги прашуваа: - Опасно ли е? Ќе избувне ли лава? - Мислиме дека не... Но стрпете се, ќе видиме... - Луѓе, не играјте се...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Можеби ќе биде неделата кога Далтон ќе се врати од барот Рио со хероин.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Далтон ќе ја има оставено гитарата во комбето, закатанчена со неговите бестселерски митови за примитивни народи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Можеби оваа недела ќе преминуваат преку мостот кога возот ќе избувне од зеленилото и сенките, врби и чапји и златки.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)