ќе (чест.) - налета (гл.)

Како некаков Jack the Ripper кому не му е важно дали ќе го распори првиот на кого што ќе налета, како некој кому треба да му се верува дека од раце јаде крваво месо.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Од каде ли ќе налетаат?“ - се прашуваше Бојан, напрегајќи го видот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во мракот причекува да ја чуе како се сплескува од првиот yид на кој ќе налета.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Прегратката е пријатен настан па и тогаш кога ќе ти ја понуди случајноста, мил мој, бесрамно тврдеше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, секогаш кога трчајќи ненадејно ќе налетам на тивка уличка која како да не му припаѓа на бучниот град, ме обзема необјаснив страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Стопаните купи книги и весници, глувците грицкај, според узусите на меѓународната поделба на трудот: едни купуваат, други читаат, трети грицкаат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Грицкачите се најзадоволни кога ќе налетат на некој класик, уште во кожен повез, уф, уф, прсти да излижат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)