ќе (чест.) - одмине (гл.)

По извесно време, вистинскиот облик на таа фиока е надминат и како што ќе одминат децениите и вековите, нам ни се чини дека времето се стврдна и го зазеде тој облик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Добро да ја скриеш и кога ќе одмине лошото, сѐ да ми вратиш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сѐ така: не обраќајќи внимание на никого и ништо, загледан вземи ќе се покаже и ќе одмине...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа од високо надѕирнува низ прозорците, ќе погали некое детенце, ќе му ги заклопи очите на некое што уште не заспало и ќе одмине потаму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но ако премногу се навикнеме на конформистичката зона на самотијата деновите на осаменоста неподносливо бавно ќе одминуваат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животот е болка, но ефектот од таа болка е стравопочит пред опасната убавина и чудото на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги гледа со фенерите в раце, им го слуша гласот: „Богдане... Богдане...“ и молчи стутулен. А кога ќе одминеа, се враќаше дома и ги чекаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Ние можеме сешто да посакаме, но знаеме и да ги менуваме нашите желби: во едно време сакаме едно а кога ќе одмине тоа време, посакуваме друго.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Милувај, кажувај откорната штицо во моите уши шкрипни збор од стисок зад доцната есен клун твоето лице со тврда гримаса на одметнат врисок и блиску, сосем блиску во паднати лисја и стивнати птици од предзимска мисла се тркала бисер од поплака тивка стара колку слухот со воздушни уши кон ветерот со око што од себе се суши ќе одминам во ехо на чекор од чизма ти далечна, крцкава стрпи се и слушни од жлеб, клинец и чекан чука мојот призрак. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пристигнат од Исток цвет или бран во трепет сет; на ветрови нежни сплет - прилика во тивок лет - кон спирален плови тек зрак зад брегот модро мек ненадеен од недоглед сам се влева в суден след: ред сред буден непреглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ДИОНИСИЈА ПРВА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)