ќе (чест.) - пристигне (гл.)

Наскоро тие ќе пристигнат во Скопје о „Треска“ ќе почне да произведува мебел од полиуретан, сигурно прва во нашата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во почетокот на април до Едмондс ќе пристигне информацијата за одржување на конференција меѓу Андреас Џимас и Андон Калчев во текот на јануари 1944 година во Кавидиес во близината на Воден на која било одлучено “Македонија да биде независна под заштита на Русија и договорот веднаш да стапи на сила.“330
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во почетокот планерите на СОЕ сметале дека во окупираните земји било потребно да: - огранизираат големи национални востанија кои временски ќе треба да се активираат во времето кога ќе пристигнат сојузничките сили и - во моментот кога ќе се активираат да бидат ставени под команда на Британците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Многупати разговорав со Тебе а Ти не ме ни забележа Така и Господ се однесува со понекоја од нашите молитви Си рекол: иако плодот не го кани црвот на гозба Тој сепак ќе пристигне на тајната вечера.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оти песната е талкач Верен придружник и соговорник од патеките на умот Ака по беспатици а штом ќе пристигне дома Прошетува по одајата со погледот на домакинката тргната да го крене пердето за да помуабети со Ѕвездите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нели се договоривме кој што ќе прави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знаеш на каде ќе ќинисаат и каде ќе пристигнат тие негови шашардисани зборови, објаснував, а притоа ни самиот веројатно не ќе сум знаел каде бев и каде ќе отскитав, ако не ме прекинеше прилично збеснетиот Даскалов: - Од каде сега тие муабети?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Настојував всушност да сфати дека не располагаме со денови и со години, туку само со часови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ДАСКАЛОВ Му реков на Иван дека Боге од Бањи со сандакот негде кон пладне ќе пристигне, а веднаш потоа ќе почнат да доаѓаат и луѓето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Малку е да се извади телефонот од мрежата, треба уште да се разбие со чекан, а оние делови, кои не се кршат, треба да се расфрлаат на сите страни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури тогаш ќе пристигне спокојот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа ќе излезе кога природно ќе пристигне нејзиното време.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Плус со ова бизнис пакетиве страв да те фати порака да пуштиш, не знаеш до кого сè ќе пристигне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Палејќи цигара по цигара откако минаа повеќе од пет часа чекање, беше сигурен дека автобусот ќе пристигне дури по полноќ во ситните часови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сигурно во секој момент ќе пристигне, си помислив утешно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Штом ќе пристигнеа, тие попрскуваа сѐ во неа со црн пипер купен на црниот пазар, ја фрлаа облеката од себе и водеа љубов со испотени тела, потоа заспиваа и се будеа за да утврдат дека бубалките ги збиле редовите и се подготвуваат за контранапад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Матеј веднаш му телефонира на Гаврил во САД, а тој рече дека резервирал карта за првиот лет и дека ќе пристигне во Скопје следниот ден во четиринаесет часот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не е свесна зошто тоа го прави, еднаш ѝ проблесна дека можеби кога ќе пристигне Костадин овде за полесно да ја пронајде.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, за да ги сочуваат природните наоѓалишта, коишто ја ставаат во погон електросферата, ќе пристигнат на Пацифичкоит брег - од Сан Диего до Белви во државата Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Скоро ќе пристигнат и дождовите и ќе нѐ замолат да ги засолниме под нашата кожа.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не си ни свесен кога ќе пристигне екипата, ќе ти ја спастри травата и ќе ти остави белешка слична на онаа од причата за ракунот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Првиот ден и првата ноќ штом ќе пристигнеше дома не гледаше многу во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И вратата има свој метален, сив дупликат, кој автоматски се затвора откако ќе се притисне копчето за катот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се најдоа пред некоја пресушена чешма... споменик од партизанските денови со срп и чекан врежани во каменот... не се најдоа, туку беа седнати на два стола со грб еден кон друг... како да беа наместени за почетна сцена од енкоја претстава (куклена?)... но тоа воопшто не ги вознемири... напротив, таа поза на вкочанет живот им се чинеше дури обредно-свечена... се вртеа бавно... како во сон... додека не се соочија... со несентименталниот објектив... и додека апаратот чкрапаше почувствуваа... неѕависно еден од друг... нејасно... нешто се менува... и нема да биде онака како што беше... и кога столовите ќе останат празни... а потоа ќе останат празни... а потоа ќе пристигнат следните анонимни седачи... враќањето во колорот, пред телевизорот во станот на г-нот И., е кога ја даваат временската прогноза.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Семјон Иванович“, се обраќа сосема службено Иван Степанович кон татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Кога нѐ исфрли судбината на овој брег, ни нарача оти големиот час ќе пристигне!“, вели тој, богами, како Каламатија да држи говор кога ќе го избереа за народен пратеник.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Кога ќе пристигнам таму каде што треба да пристигнам, има што да прикажувам....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Живеете кретенски, хипнотизиран, малограѓански полусон и чекате откровение, чудо, се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне, а сѐ повеќе се сомневате дека тој час воопшто ќе пристине.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во надежните времиња, веднаш по војната до 1948 година кога цветаше и свена неочекувано комунистичкото братство помеѓу Албанија и Југославија, започна да се гради оваа пруга од албанската страна, од крајморскиот Драч, до Поградец и албанско – југословенската граница, со надеж дека од другата страна на границата, од Југославија ќе пристигне новата пруга во пресрет. Таа никогаш не стигна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше најсреќната седмица во мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го напишав расказот такашто излегував да го пронаоѓам и следам. Тоа го нарекувам „методско пишување“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Преминувавме преку еден мост за да одиме на риба и тој ужасно ме плашеше, помислата дека возот ќе пристигне секој момент. Имав ноќни мори поради тоа. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 175
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Излегував вооружана со касетофончето, да ја ловам, ранам и запленам приказната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На излезот ми пружи рака и ми соопшти дека резултатите ќе пристигнат за една недела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев со Бреда секоја вечер, а преку викендот заминавме за Вермонт до хигиенскиот центар за кој ѝ зборувала нејзината роднина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ѝ кажав на мајка ѝ на Ило да ги однесе до таксито кое ќе пристигне во секој момент Чекав и се тресев, како тоа да беше најважното нешто во мојот живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
84 Даме, убеден (по се изгледа од Гарванов) дека 1.000 пушки ќе пристигнат, го смирувал и Делчева храбрејќи го дека сепак ќе се најде оружје.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По барање на Орце, Мечев се вратил во Софија, бидејќи не се знаело кога ќе пристигнел динамитот, а седењето во Одрин било поврзано со трошоци, иако Мечето бил познат како најштедлив меѓу гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Атентаторите дознале дека паробродот “Гвадалкивир“ ќе пристигне во Солун на 27 април, а ќе замине следниот ден.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)