- Ти ќе ги редиш овие работи, кога врбата ќе роди грозје! Разбра ли?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И ангелите ги менуваат лицата, чувството на вина ми го наментуваш зошто незнаеш да се извиниш, честа ја газиш под нозе зошто не можеш да ги признаеш сопствените грешки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако е проклета ќе страдаме вечно, ќе гориме, ако е благословена ќе роди живот, убавина, радост, спокојство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Јас сакам, ќе родам пак Господ ќе ни помогне, ќе видиш. – Невена го сакаше родот човечки.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сам одиш друг ќе родиш друг ќе роди одиш одиш небидеш и пак одиш ...
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Исус Христос е со црвени чорапи и бледо лице И сега самик шета по небото и размислува Како се случи да остане бездетен Кога веќе знае дека Не умира само оној што ќе роди И проклет нека е оној Што цел век нешто прета А ништо за иднина не ќе запрета.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Зашто дрвото што првин ќе пушти трн - подоцна ќе роди плод..., како што вели премудриот Константин.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Трудна е попе, ќе роди.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Сакам да кажам дека ќе роди мое дете! Затоа и дојдов.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пребрзо за да може да се поверува дека тоа навистина се случува, лисјата на високите дрвја ја сменија бојата. Пожолтеа и се ронеа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
На еден панаѓур, на мајка ми некој волшебник и прескажал дека ќе роди умно дете.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Мала беше надежта, дека внучето ќе роди некакво чувство кај нив. За него. За неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Само едно ме чуди - нема маж а ќе роди.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но тој, и не погледнувајќи ги, знаел која е трудна и која кога ќе роди и женскомашки се клештел - ќе им подвикне, ќе се разбегаат како чавки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Погледни нѐ, повеќето сме трудни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На тој разговор од врапчињата, стопано од лозјето си изваил лебот од торбата и си се напоручал арно, та си го изѕокал картето со винце и си го запалил чибукот, и пак го навалила дремка: - Ај анасана, како глеам, не ќе го кројам лозјево; санким некроено поарно ќе роди, туку што му праиш на светот што ќе ми се биет шега.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- И така нека се родит - је рекле двете на првата - уште поарно зло ќе £ се сторит на мајка му.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Едната рекла: - Оваа жена машко дете ќе роди, ама слепо да го родит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Е, шега, нешега, јас сега не ќе го кројам; едно, ме вати мрзата, и друго, с¯ поеќе ќе роди ако не го кројам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Велат, можеш сѐ, сѐ, ама да дојдеш во одајата на волшебникот Желбоноско – тоа ќе се случи кога мушмулата ќе роди краставици.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Абре, ви велам, друг ербап како него мајка не ќе роди. Ниту партија ниту комитет без него може да има.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
18. Додека се урнисуваа царствата како плочки за домино Со кои некои Македонци се залажуваа на стари години И се правеа дека ѓоа не знаат дека со секоја урната плочка домино Им се урива и дел од живеачката И дека живеачката всушност била партија домино Особено живеачката во транзиција во која луѓето се струполуваа И кога не беа љубители на домино Туку така се струполуваа и ничкосуваа Откако ќе ги дофатеше некоја од многуте агенции за глобална благосостојба Така демек досека се урнисуваа царствата како плочки за домино Се ничкосуваа и светските наслаги од темни кристали Секаде каде што ќе цапнеше Чарлс Дарвин Се распаѓаа кулите од темни кристали Колку што се смалуваа светските резерви од темни кристали Толку стануваше кристално јасно Дека преживувале и ќе преживуваат Само оние кои се во состојба да се прилагодат на средината И дека се изџвакани преживеани и надживеани прикаските За тоа дека билките и животинките ги создал Бог Макар што и век и половина после Дарвин остана навиката Некои тукушто испилени големци во Македонија и не само во Македонија Ептен да се извештат во техниката на прилагодувањето И најмногу да се прилагодат на крстењето во божјите храмови Па се крстеа ту со десна ту со лева рака Самите не си веруваа ама се прикажуваа како големци и големи богомолци И самите епитропи клисари попови владици Не им веруваа на големците дека се големи богомолци Ама катаден седеа со нив на големи софри Богохулие ќе беше да се рече какви големци такви великодостојници Но остана забележано во Транзицијата Дека со пари се прават и големи сојузи на лажните богомолци Парите дупчат и таму каде што и самиот Бог не може На Чарлс Дарвин му доаѓаше да стане од гроб Да земе еден бастум и да почне да им ги прави црвени газињата На големците кои се прикажуваа како големи богомолци И сакаа да си играат мајтап со Чарлс Дарвин Колку што беа поучени новите големци се правеа поголеми богомолци И неуко си се убедуваа дека ќе го вратат тркалото на историјата наназад Во тој случај секако ќе му го сменат и името на градот Дарвин Ене онаму на влезот во северозападна Австралија И којзнае во кој град тогаш ќе живеат коалите Макар што сите од родот на коалите знаеја Дека тоа ќе биде кога врба ќе роди грозје И дека е ограничен и кусовечен рокот на прилагодливоста На новите големци големобогомолци Од што произлегува дека Чарл Дарвин пред век и половина Воопшто и не помислувал на таква прилагодливост И на толку ненормално размножување на камелеоните од сите видови И на камелеонството како начин на мавтосување И на гласачите и на Бога При толку мавтосувачи не беше тешко Да воскреснат смачканите митологии И да се смачкаат нововековните митологии При толку мавтосувачи народот не можеше да види Дека веќе се спуштени капаците на агенциите за глобална благосостојба И дека продлабочувањето на нееднаквоста станува светски процес При толку мавтосувачи одвај некој ќе забележеше Дека добриот слуга бргу бргу станал зол господар А сите окоруваа очи кога ќе ги видеа европејките Во потрага по оргазам на далматинските плажи Колку пари толку оргазам си знаеја европејките Кој Господ ги донесе европејките и во нашите краишта И го преиначи нивниот лозунг та сега мнозина мува не ги лазе кога велат Колку пари толку удентитет Во агенциите за глобална благосостојба Се измислуваа и други лозунзи поретко црвени почесто зелени Измислувачите на лозунзи неа знаеја дека овошјето се јаде кога е зрело Ниту беа чуле дека секоја трева си бара редовно косење Измислувачите на лозунзи шиткаа вообразена историја на парче На Чарлс Дарвин често му се слошуваше Од големци големобогољубци и измислувачи на лозунзи И тогаш тој се смируваше така што ги гледаше полжавите Како си прават пошарени куќички И со време си се вардат од глобалното затоплување.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
- Ќе бара да се прашуваат дали ќе родат, вели Велика, дали ќе родат или да се пресечат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вистина е дека малку е подебела, но кога ќе роди, ќе ослаби... Со сите жени е така...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И кога ќе решеше да ја остави, пак ќе почнеше да се двоуми: или му беше жал, не му даваше срцето да ја остави или пак ќе причекаше да види дали ќе роди.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)