Чомлекот, на пример; редовницата уште одвечер ќе го наполни грнецот со дробенки од гоедско месо, само удина, ќе стави многу кромид, цел грст налупени чешниња лук, една рака суви везени пиперки, црна пипер, сол, две-три дрвени лајци сало и ќе го поклопи; околу наоколу поклопот убаво ќе го залепи со тесто за грнецот, за да не туши, и така спремениот грнец ќе го намести на огниште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не можат да се договорат. Пак седат, молчат и мрзнат. - Добро, јас ќе ставам прв, - вели Митко.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И се надева дека Митко ќе престане да се инати и ќе стави дрва.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Да го исчистиме долниот пункт: чизмите, горниот пункт - тилот ќе го одбележиме со капче; на рацете ќе ставиме блескави манжетни, а на плеќите еполети.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
„Ако треба на секој камен ќе ставам потпирач и куќата ќе си стои тука... И ние во неа“, велеше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Да, ќе изорам нива, си велам, ќе посадам дрво, безработните ќе ги згрижам, и најпосле црква ќе направам, место еден, два крста ќе ставам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе ставиш своја кармичка ароматична заштита. Облаци од срца и пеперутки.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ѕидовите повторно ќе ги бојадисуваме, (Шукри заминува, гледам во нозете што ги вртат педалите, колку пати ќе му е потребно до аголот?), а на местото на орманот, ќе ставиме софа или нешто слично за седење (само 17 или 18, мене ми се чинеше подалеку), нешто комфорно, елегантно, а практично.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Потоа може ќе ставеа малку музика, за на крајот да се кулминира со некоја мека порнографија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и направи.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Во тремовите ќе ставиме портрети. (На двајцата Зографи).
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Не, сериозно, сѐ ќе ставам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Везден се мачил, туку, за чудо големо, као шчо никојпат не било, нишчо не можел да ватит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- „Ах“, одгоорило орлето: "во еден студ, во една лапајца и силна бура, се најдофме в Црно Море и бурата ни засука над една гемија.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ја ќе појда денеска на лоф и на брата ми му рекоф, оти ќе си дојда за ручек; ама саде ти да знаеш, оти ја не ќе си дојда за ручек; а ти ќе испечеш едно јагне, ќе му туреш внатре отруачка и, на голем ручек, ќе ставиш софрата и ќе го поканиш брат ми да ручат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Знаеш ли колку е голема маката кога на порта ќе ставиш катанец без надеж дека наскоро ќе го тргнеш?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој ќе стави машини од кои како по ривер ќе течат пари. Само долари.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Мораме да ја отфрлиме идејата за план за излекување на психотичните личности – можеби засекогаш, а можеби само привремено, додека не пронајдеме некој подобро прилагоден пат.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А Клара еднаш му рече: “Ние лудите зборуваме безброј глупости, безброј без ред поврзани неважности, и меѓу сите нив ќе ставиме и некои од за нас најважните нешта, и гледаме дали другите ќе ја забележат разликата.” .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На глава круна ќе ставам и акробации чудни ќе правам... Не, не, не, извикаа дечињата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
На тортата свеќички прекрасни ќе ставам со моите другарки журка ќе си правам.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И нарциси, и лалиња ќе набереме и ќе ставиме во ваза, собата да ни биде убава и празнична.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Треба да чекате некој младич кој на масата пред вас ќе стави еден неизрежан клуч.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Може да се случи никој да не се појави со клуч, ни таа, ниту следната среда.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)