Који да дојде на неговото место, не ќе умее да им говори на истиот доверлив јазик што го откри само тој.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тогаш ќе умее да владее со самиот себе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А сепак е вознемирена: ќе умее ли да го прочита?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„И со овие заби ќе умеам да се одбранам ... Така - а? - була в јачмен. Пред големиот Бајрам.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но, понекогаш Бојан, разговарајќи со деда си или со дедо Иван, ќе умееше да зачепне во некое делче од нивните сеќавања, па тогаш ела слушај.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
--Јас верував дека ќе умеам без ничија помош да ја сместам во таа празнина што самиот ја обезбедив -.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Токму тие зборови ги употреби.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа самата ме упатуваше како да ја изведам работата - додаде Иван. – Досега се снаоѓав самиот, но за другите активности, мислам на обврските што му претходат на погребот како и за самиот погреб, потребна ми е поддршка и помош.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сметам дека ќе умеам да ја сместам мајка ми во таа празнина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ох, и јас ќе умеев така ако сакав. Иако располагам со попривлечни поединости од нејзините.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А потоа, што е поважно од сѐ, таа побрзо старее од мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со тоа добиваме една гигантска развојна перспектива. Ќе умееме ли да ја искористиме?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Страхуваше и Сталин да не ќе умее да се воздржи по победата, па, јаничар каков што беше не се зафати во незапирливиот вител на докажувањето и сопственото потврдување со ново прекројување на светот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Му реков: „Можеби во војната и ќе умееш да се поставиш.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Му се допаднало во мирните води да чита нешто за што верувал дека ќе умее да го прочита, па нека чита.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби тој ќе умее да ни помогне во расчистувањето на недорасчистените недоумици.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)