ќе (чест.) - фрла (гл.)

Лапка ќе фрла по тебе, мори лепа, Да се завртиш, да видиш, Да ти го вида лицето, мори лепа, Лицето бело црвено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Гот, скот! Скот еден, бомба ќе фрлаш, а? - извика Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Aми доаѓаа од куќа в куќа, не викаа на собири тие од НОФТ-а и од АФЖ-ето и ни велеа дека ќе почнат големи борби, дека местото ќе гори, велеа, водите од реките и бунарите, велеа, ќе испарат од многу оган, а небото ќе го покријат ароплани кои ќе фрлаат бумби и жив оган, такашто се ќе изгори... велеа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе влезат кумовите во Вардар со дисаѓи преку главата и, додека поповите ќе пеат, народот ќе фрла јаболка во водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па ќе фрлаат разни порези и прирези по куќите: не знам за Црвен Крст, не знам за Народна одбрана, за ова, она...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се натпреваруваа чиј вулкан подобро ќе гори, повисоко ќе фрла пламен. Врескаа од радост.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)