ќе (чест.) - си (зам.)

Колку дена бдеела врз мене додека сум бил во бунило, додека не се знаело дали ќе останам или ќе си заминам?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од едната детска соба треба да направиш спална за 5, 6 деца со кревети на кат ‘ко фиоки поставени едно врз друго, како кибрити, а другата детска ќе ја претвориш во туш кабини зашто само за капење твоите и нејзините, па и ова заедничкото, ако не дај Боже се роди, очи ќе си ископаат, или коси ќе испокубат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе се врати од печалба домаќинот мој, и ќе остане колку во мене семето да за ’рти. И пак ќе си замине...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Напати ќе земе да се удира по раце и рацете ќе си ги крие во џебовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Немој, мори мајко, не плачи за Силјана, ѝ велел Велко, оти за Велигден ќе си дојде аџија.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бигорот што му го беа оставиле овие мисли и ова страдање можеше да се насети по зграгорениот, вџасен поглед на неговите светли, продорни очи, по бледото, испиено лице, по предвреме побелената разбушавена брада.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се врти Кала кон Дукле. - Собери ги кога ќе си одиме...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Една насмевка ќе е доволна да ја разбудам нежноста во секое магливо утро, а нашите изгубени души ќе се пресретнат длабоко во ноќта во твојот и мојот сон и можеби таму искрено ќе се исплачеме и ќе си простиме...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас не можам, ќе си одам, ќе си стегна редната, затоа си отиде, дома да си умре. Така кажете му и на газдата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
12. ТЕ ФАТИ ЛИ ЛОШ ЧОВЕК ЗА ПОЛА - ти сечи ја, остај му ја в рака, макар потоа да останеш и гола бар не ќе си за таква врата квака...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Само неколку часови номадска мисловна осаменост и моите еруптивни мисли и незауздани чувства ќе си го најдат патот, целосна метармофоза на осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Јас ништо не смеам да го прашам Јона. Знам: ако го прашам, ќе си го однесам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со тоа се уверил Силјан оти ќе си одел дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нараторот -автор (на чудесната книга) без срце -книга, ќе си тргне од Стамбол, каде во тој миг се наоѓа, кон татковината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И после, дедо му не е лош човек, го натерале и малку умот го лаже, но се ќе си дојде на местото ако го тргнат од патот Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе седнам во окопата и ќе си речам во умот: еј, Јоне, Јоне ејди главо главино, стравот ти го стегнал газот, а ти ги опулил само очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
До кога ќе си тераш по своето. Сега малку зборуваш, ама длабоко апеш...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
— Ако не легниме, ќе замава Рифат, по очи, по глава, по раце и по ребра, та ќе си останиме алипни до векот — ја правдаа својата ропска покорност.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден колега на работа вели: Ќе си купам фенер, па како во старо време ќе си го осветлувам патот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да не бевме, гајле ќе си немав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Санким малку беќари ги има, та не ќе си најдеш друг да те засака.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Свадба нема да има. Но, со Рада ќе си живееме исто како и досега.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаев дека таков нарцисоиден Егоманијак нема шанси да се самоубие, иако на моменти паднав толку во искушение, па речиси ќе си направев грев на душата, па ќе посакав вистински да го стори тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Онисифор Мечкојад немаше вила“ се сети Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеше и да не се случи ништо особено, ќе си течеше и натаму сѐ без потрес, само да не го донесеше патот тоа девојче пред Боцевата берберница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе ве молам ако сакате да ми отворите да преспијам кај вас, утрина ќе си одам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кап - кап - кап - саде капка по капка капе во коритцето - бигорно... и тенка шурка тече удолу... нема сила што да ја запре водата - кајшто течела ќе си го длаби патот - ќе тече... Бигорна тишина...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Меѓу овие прозорци, над самото огниште во ѕидот, има „мазгалка" (едно малечко камарче) во кое стоеле во старо време огнилото, тратта, кременот и неколку страка борина, та кога ќе си дојде домаќинката подоцна да знае каде ѝ е „виделото".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе си дојде Апостол Макаровски, ќе се собува и ќе вели: Барем нозеве да ги пуштам на слобода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку, да не бараме ништо еден од друг, тоа само ќе си дојде, така е подобро и така најмногу би ни одговарало и на двајцава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ајде, ќе си одиме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Море седи, Небеска, кај што си се нашла, ќе си речам, во секоја туѓа земја пак ќе бидеш само туѓинка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секое одење на пазар, Силјан, уште неслезен од коњ, право ќе појдеше кај лебарниците и ќе земеше еден топол сомун ас-екмек и ќе си купеше тан-алва, та ќе јадеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да повечераме, та после ќе си одиме во сламата на гумното и ќе лафеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Велам јас: од кол, на кол - понатаму се знае каде му е редот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Два миљона Македонци секојдневно ќе си ги ископаат очите како Самоилови слепци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Почекај уште некој ден па ќе си одиме.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А, лебами, јас од тоа живеа, нека ми платит. Море, кога ќе си помисла оти на владиката во Битола му и брои педееет ж'ти на една рака за да ме стори поп цревата ми се буричкаат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе поручаме шо даде Господ, ќе си поприкажеме, а утре, со Господ напред, секој по својот пат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Му доаѓаше да се насмее кога ќе си претставеше како бегот со часови, стрпливо ја обмислува неговата погибија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тешко на оној што не ќе си го запамети името и годината на раѓањето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие што се за бодињање, ќе си бодињаат, а овие што се за сериозност — ќе се „кремшат“. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се фатиш вака за лице, за коса, и пепел ќе си најдеш во рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, размислата на академик Божин Павловски дали треба да се побрза со преведувањето на делата на Стојан Христов на македонски јазик, академик Блаже Конески, меѓу другото, му посочил на овој наш денешен деец исто така Македонец од Македонија и Македонец од македонската дијаспора: Кога се интересирав дали треба да се побрза со приопштувањето на македонските автори кои создале дела на други јазици, тој (Блаже Конески) ме охрабри со тврдењето дека се работи за творештво кое природно ќе си легне во нашите традиции.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Колку многу љубов има влезено во книгите, ќе си велам, и колку многу останало така...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А можеби за некого и траела толку! Само три години! Кој како ќе си ја нареди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако останам, двете ќе си плачеме... бигори ќе пластиме...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со свои очи ќе си ги гледаш цревата, ѝ велам, па после ми е тешко од тоа што сум го рекла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вујна Клементина ѝ ја беше раскажала албанската варијанта за жртвуваната жена, на тврдината Розафата, на својата внука Ервехе којашто таа никогаш не ќе ја заборави во животот и ќе си извлече сопствена поука, но сега, накусо, ѝ ја раскажа и на мајката Амелија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете, убаво би било кога претставите ќе си ги посветуваат на себе, всушност, ќе ги создаваат за згрижување на своите духовни и естетски потреби, а притоа, публиката да мисли дека се наменети за неа и само за неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас се насмевнувам. Нема да останам долго, велам. Ќе си одам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па и тоа да бевме, пак ќе знаевме чиј сме, ќе си го знаевме стопанот, му велам, се дерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога си отиде Германецот и пак дојде Гркот, тогаш Ристо мој одрами пушка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нека оди снагата на пците, барем душата ќе си ја запазам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе ги потфрламе нозете, ќе си ги втасуваме, ќе одбираме и ќе прусаме, како потполошки во стрниште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Без вас, ценети сопруги, тешко ќе си ја постигневме замислената цел...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе го сечам стеблото, вели, и ќе си мислам на Рјазин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како ќе му кажам, ќе си рече каков агроном сум да грешам во тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
23. АКО ИМАШ ЌЕ ТИ ЗАВИДАТ, АКО НЕМАШ ЌЕ ТЕ КУДАТ - и обуен и бос, значи, ќе нагазнеш врз шилести клинци, биди ваков или онаков сеедно ќе си под тој удар - сѐ на страната обесчестена во тој морален лринцип...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И ние така; ќе си бараме некој калнокапец, ќе си го земеме домазет, ем ќе си го повеламе како шо сакаме, ќе нѐ слуша. Сака нејќе, ем дома ќе си седиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ништо, си мислам, нели немало скривање од болеста, ќе си ги вратам децава в село.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И почна да ја фали нејзината смела постапка: — Как ќе си грешила, невесто!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Сврши моето, Веле, сврши. Јас ќе си одам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ова многу го разлути Зоки Поки. Тој ја викна Лидија и ѝ рече: - Дојди, Лиде, ние нешто сами ќе си играме!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Велат ќе мерат, што ли, а некои пак зборуваат ќе си дошле луѓето онака, да се одморат во планинава, да се надишат чист воздух...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што ќе си помисли пак таа? Дека сум ѝ го украла?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Од еден греј на душата шо ќе си кладиш нишчо друго. Криви прави, сете се прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си помислам. А сега спиј ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И секогаш се плашам дека, оваа што има документ со печат за врската, ќе си го заборави клучот и ќе се врати за да го земе, ама ете госпоѓата е многу добро организирана и кога го напушта својот топол дом со список за неопходните работи, како клуч од автомобил, пудра течна и влажни марамчиња, не сака никакви изненадувања и тоа ти е!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
После ќе си проговорат по нивни и ќе ни донесат нешто за носење, за во зимно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ошче утро рано в зори, ќе си тргнеме, ќе си појдиме да не нѐ разбира светот. Оти, ногу умишча, ногу грешки се прават.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
МАТЕЈ: Сакаш да спиеш? БОРИС: Ако ми се приспие, ќе ја легнам јас овде, ќе си заспијам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ќе си појдеме таму каде што никој не бил Ќе си умреме сами и сами коските ќе си ги сместиме Уште понајуг од кај што досега свршувало сѐ.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На тортата свеќички прекрасни ќе ставам со моите другарки журка ќе си правам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Најстина си гола, боса, не си како виа нашите овдека, токо ти си тука родена. Лесно ќе си свикнеш пак на работите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тој беше навистина опседнат од големи желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знае старецот дека ништо стварно не руши, дека сето ова е пуста борба, руши само неколку пусти илузии, а тие и сами од себе, нечујнонезнајно за никого, ќе си умреа, како и толку други што си умреле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги крена очите кон мене. „Ѓаволот му е ортак на Никола Влашки“, ми довикна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На колку рати ќе си одам, го прашувам, но тој веќе ја затвора вратата од камионот и ми заминува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тогаш сите заедно ќе се вивнат, ќе запловат, ќе јурнат, ќе се размавнат, ќе скокнат и ќе полетаат кон Сонцето, Месечината, ѕвездите, ќе појдат над Атлантикот и Медитеранот; над полињата, дивината, градовите и населбите; кон спокојот на небото, со раскрилените пердуви, трескавичниот шум на телото од леталото, ерупцијата на вулкани, во застрашувачката, трескотна грмотевица; отпрвин трепет, колебање, потоа возлет, издигање, чудесно наднесени ќе се засмеат и ќе си ги провикнат имињата во просторот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со тој ум, со таа тврдоглава глава, денеска ја раскрвави раката, утре ќе си ја скршиш и главата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе си ги продава грнците и само ќе си зборува, си кажува политики.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нели, сите имаме такви слики, според кои ги распознаваме настааните кај кои навраќаме во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но ко завија волци од сите страни мачорот Тошо не може да се брани и почна да си бега в село на пат го сретна зајачето бело. уф, еве го братчето слатко стравот ќе потрае кратко јас од лошо ќе се спасам и набрзо в село ќе си стасам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Веќе се растураше пазарот, му плативме на анџијата за сеното, а слушаме вика човек. Ќе си одиме, не си одиме, ама нешто како да нѐ натера да појдеме кај човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Спахиите можеа да ги вратат назад, а можеше и да се случи тие што ќе си дојдат по нив да ги земат на подбишега дека од страв од Турците побегнале од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Охохо, ќе направам, вели, и ај, доста е, ќе си речам, и за утре ќе треба, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе си ги потфаќа зборовите и ќе си го тера своето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Белки луѓето ќе си отидат од гумното, си велам. Ама никој не мрда.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас од моја страна ќе си дозволам со чистосрдечна жал да видам во сегашното движење полно фијаско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И после ќе си ги клоца очите пред себе и ќе си ги бара по улица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но сѐ што реков јас во нив ќе си остане без добар фундамент ако не се разгледаат некои теориски прашања, од чие правилно поставување ќе зависи успехот во нашето општо работење во полза на нашата татковина и нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби ќе си заминеше по патот на неговите желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рече „Методија ќе си добие“, како да ти е некој близок. Зошто?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ама не е така, не ќе е така, ќе си речам после, не може да лаже радиото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толе на лице се убеди дека и „дедот" Петре си има посестримка, иако не ја води како него со четата, та се ослобди од таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред прозорецот на јужната страна од мојот стан се наоѓа едно мистериозно дрво.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Прикаски“, воздивна. „Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека и му го копаат гробот. Се раѓаш да буташ некого кон гроб додека друг и тебе те бута зад грб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Последниве се плашеа од една „С. Стефанска Бугарија”, зашто мислеа оти Русија ќе си ја присвои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Напати и ќе си речев: не ќе да е случајно ова. Некој висок ги реди настаниве.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ако пак не ме сакате и ме сметате за непријател, те молам речи го тоа само со еден збор, па - како што дојдов - така и ќе си заминам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со едната рака ќе си потурам, со другата ќе се замивам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние не сакаме сечена елка. Ние ќе си посадиме во дворот жива.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Ако треба на секој камен ќе ставам потпирач и куќата ќе си стои тука... И ние во неа“, велеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќе си одам некаде и ќе му го чујам гласот, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа веднаш ќе ја земете и ќе ја затворите долу во зимниците ќе ѝ оставите сенце да има што да јаде и колку што можете побрзо ќе си разотидете по домовите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ама кој е тој будала, пак, што ќе си го закопа на животи чедото: да му гладува: И така, стариот Ѓуро гледаше да ги истурка прво тие „чумите“, женските, па за Јошета — ако се најде арно, ако не, — нека му е жива бабичката; ќе го приперува на две три недели еднаш, и ќе им завалкува по некој короман кога ќе донесе по некој тагар брашно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ела, легни и ти, ми вели Јон, ела, малку да поспиеме. После ќе си одиме, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Или ќе престанеш еднаш да крадеш“, му рече еден ден на оној еден од нив, а можеби тоа му го рече тој самиот, но тоа беше безразлично, „или ќе си ја поскусиш раката со тоа твое левосување, или ќе му кажеме на Башмајсторон, да си знаеш“, додека се враќаа во приквечерината кон своите бараки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така, секоја приквечерина, откако ќе си починеше дома по скитањето в град, тој го преполуваше пагурчето - седнат на мало столче под стреата пред влезот и загледан во градбите што растеа како тополи околу нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во текот на парницата5 го застапуваше истиот адвокат, кој реши да го застапува бесплатно, а пак доколку го добие спорот ќе си наплати од спротивната странка според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој својата ситничка, дробничка баба Митра може исто така да си ја стави под мишка и да ја носи каде што ќе си посака, а не пак да ја послуша кога го кара.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во совршенството на осаменоста сите сме способни да изградиме градови во длабочините на водите, ангели на харфи кои се појавуваат во темницата, свет на хармонија и задоволство, далеку од глупоста и хаосот на секојдневието, од колективната хистерија и движењето низ толпата која ме загушува, каде што освен просторот и времето нема никаква емоционална поврзаност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе си играме и ќе ни биде убаво. Потоа тој ќе дојде кај нас...“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Преку Белград ќе си го барам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Добро, тогаш, ѝ реков... нека заврши прегледот, па ќе дојдам, ќе ти донесам нешто убаво да си каснеш, ќе си помуабетиме, па ќе видиме што понатаму.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Куќарчето веќе го изрешетаа заптиите на кои им се придружија и сите Турци што имаа оружје; слободно можеа да ги видат дека се само двајца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Повикај ме штом ќе ти затребам, јас сега ќе си одам – рече по едно време, го распосла летачкиот килим што го носеше свиткан под мишка и го снема зад ридот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ќе го видеше човек како шета со рацете в џеб, со кренати раменици, смуртен, со паларијата наклапушена на чело, ќе си помислеше дека човеков е страшно огорчен на животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега ќе си одиш, нели?, ми вели тој. Нема да те оставам вака, велам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сашо: Ама тоа не е вистина. Јас божем ќе те изедам, а ти пак ќе си бидеш жив и здрав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се лажам да не така побрзо ќе си го најдам детето, да си го приберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае и нему како му е, ќе си речам, и ќе се вратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секое одење на пазар, Силјан, уште неслезен од коњ, прао ќе појдеше кај лебарниците и ќе земеше еден топол сомун ас екмек и ќе си купеше тан - алва, та ќе јадеше.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Целата нога в уста да му остане, ќе си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но си даваше гајрет со тоа што: ако беше сиромашко, добро — ќе си го земат домазет на малиот од чичка ѝ Трајка, според првиот план; ако е некое чорбаџиско — ќе му ја дадат таму — на добро место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ништо, јас ќе вечерам и ќе си легнам. Уморен сум, - си рече Малчо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Луѓето ќе подзапрат, ќе завртат со главите и ќе си заминат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас сум Нероден Петко и таков ќе си останам се додека не се најде тој што ќе ми покаже дека имам мајка, таков сум јас.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Не ќе одиш аго. Штом не дојде да ме заколеш не ќе си отидеш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се надевав дека трговците ќе ми речат –ова е само мала шега, Пупи Паф!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
— Мори, златна сваќе, златна! Какви 'рслани, млади како роса, останале кај нас вдовци и не можат да најдат, та ќе најде Илко на четириесет години, токо го ватало сиромаот — ќе си а т'че, главата од ѕидот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сѐ така - вие ќе си доаѓате и ќе си заминувате, а јас ќе ве пречекувам и ќе ве испаќам...“ не ја забележаа тагата во гласот, премногу беа радосни дека нивниот сакан Еко ги пофали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кој има пари ќе си отвори приватна ординација, кој нема, како мене, ќе дреме таму за ич пари. Само за превоз до работа, сендвич, цигари и толку.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Радоста од Силјана се свртела на преголема жал и плач и тогај дури се уверил оти штрк ќе си биде и штрк ќе си умре. – "Ех, кој не слуша татко и мајка, си рекол сам со себе, клетвата го фаќа, нели ме донесе Господ на мојот вилает, не ни е толку жал, чунки овде ќе си умрам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ќе си земеш жени нашинки, и ќе си изродиш со нив Турчиња колку сакаш. Како јас, еве, седумнаесеттото го чекам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Mope, ќе си го наконте Ило ако сака да му светне куќата! — вели дедот Петко. — Стоаонка му остави алишча исав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со нежен насмев кој заблеска дури до очите на самовилата, и уште понежен глас, тој одговори: - Ако е речено од господа и од кралот Вок со едно око “печеното“ ќе си дојде само по себе.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ете така, Силјане внуче, ќе си одиме, ич да не береш колку за тоа гајле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
БОРИС: Матеј! (Пауза) Врати се, Матеј. (Пауза) Сакам да зборувам со тебе. Сакам да ти кажам сѐ. (Пауза) Инаку ќе си одам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа сигурно ќе фати место, ќе ги исплаши и сами ќе си дојдат овде како рибине во колцине од даљанон.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Никогаш повеќе не ќе си замине.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ќе си одам ... – Постој, постој! – го прекина командантот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе си најдете, ни велат луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понекогаш ќе заземеа предизвикувачки став, ќе си ги истегнеа накострешените шии, ќе си ги исчистеа пердувите, долго ќе гледаа еден во друг, но секогаш едниот или другиот ќе се повлечеше назад.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Штом ќе си легне до зазорување ниту рофја не го разбудува - поначесто си помислува, ама не му кажува да не би домаќинот поинаку да ја разбере, па да се навреди или да ѝ се налути.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А дедо Спасе ќе остане уште долго надвор, па ќе си го пуши лулето и ќе си мисли на свои работи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ѝ велеше дека го чека Јована Дамчески да се врати од војна и дека кога ќе се врати тој, таа одново ќе си стане лична и млада и тогаш ќе се венчаат со Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Го следев јас него, ќе се врати од училиште, ќе си направи еден голем сендвич, ќе го излапа набрзина и ќе се затвори во собата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги растоварија дрвата и Тале рече: „Дури да го закрпам самарчето, ќе ручаш и ќе си починиш.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со Љубица ќе си играте, јас скоро ќе дојдам. Ѝ одговорив: Добро бабо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Дојдов само да те ѕирнам.. . ќе си се вратам...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По Велигден хорофилаците го зедоа со седум други души во астиномијата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не смееш и заб да чепкаш пред децата. Ќе си мислат дека нешто јадеш...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ќе ти го вратам. Ќе си поиграм со него малку на улица и пак ќе ти го вратам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Четири дена бев заборавена. Сега, кога ќе си отиде заморчето, пак ќе бидам потребна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Толку ни стига чергата — толку ќе си и пушчиме нозите. Нека е аирлија саатот, сѐ е убаво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Денес без специјализација со оваа диплома ќе си останеш лекар по општа практика, што ќе рече селски доктор, да не речам еким.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со две плати, ќе биде подруго. Барем ќе си ги нахраниме децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
ВЛИЈАНИЕТО НА ХОРАЦИО ЦВИКАЛО ВРЗ РАСТОТ НА ШАРЕНИТЕ АНТИ-УПАТСТВА (III) Патека на слоновите...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако поживее година две, ќе се научат со дете, па после не ќе можат без деца, та ќе си го земат Илка мој. И така името му го носи на браче Илка.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој добронамерен патник: суетата ќе си ја полекува, па ќе замине препороден, како нов, прочистен од лошите енергии. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И детето ќе си го земам од кај оние монструми... Моето малечко...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тамам ќе си се видам и со моето другарче Киле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И земјата можеше да испука од возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе си најде мана пред децата дека дошол компири да купи за дома, а насамо ќе се посоветува со стариот пријател и ќе го моли за помош.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
СЛУГАТА: Ќе си најдеш некој скриен на таваните. Ги има и такви! Збогум, Вето!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Попот велеше: — „Коа ќе си дојде на годините, ќе истера наеднаш како видан на пролет".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе си живеам сам и како што умов ќе ме учи...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Си дојдов, - рече Зоки, сѐ уште не верувајќи си на ушите, - ќе си играме ли попосле?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Мама е папа, ќе си дојде, ќе ѝ донесе на Ели играчка - се обидував да ја залажувам кога бев сама со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Грета: Тоа и не е некој проблем. Треба само гостите да ги натерате да пуштаат вода и НЛО мувите ќе си заминат на својата планета!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Сам ќе си ги закрпам. - Не можеш ти. Јас ќе ти ги закрпам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Срам ми е и пред себе да ја кажам. Дали ќе се вратам жив дома?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе си го пресечам со тесла, вели, со брадва ќе си го пресечам, вели, не ми треба само за мочање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе му биде разонода на Симона кога ќе си одам, си помислив, брзајќи да му отворам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Малечките балкански државички без церемонија ќе ги земат во свои раце сите доходи од завојуваните делови на Македонија, а Македонците ќе се обрнат во просјаци, откако ќе си ги загубат првин своите национални особини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се растрчаа низ теренот и секоја убава комбинација заврши со фрлање во кош и најчесто со погодок.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ќе си одам дома – безволно рече таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„И апеш. Сега кажи ни кога навистина ќе се обесиш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти потоа влегуваш во таа миризлива бела, или сина, ини црвена сапуница, зависи, по ќеф, каква ќе си избереш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Јас ќе си одам, мене ми се слоши од возење – рече по некое време братучет ми и ми се виде навистина побледен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега знам дека изутрина ќе си дојде, ако може да си дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Размислувам дали би изгледала посмешно со крваво око, но решавам да бидам врвна во својата мизерија и да прогласам дека повреда на носот е најлоша, бидејќи е централна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сашо: Ама тоа не е вистина. Јас божем ќе те изедам, а ти пак ќе си бидеш жив и здрав.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Или се делиш од брата ти, или барај си чаре на децата. Јас су си учена сама. Ќе си преврла еден ден преку ридот, шо, знајш — прави си!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од тоа, да се биде најдоверлив Максимов човек, се нема никаква полза, само повеќе работа и повеќе грижи од другите, но не знае што ќе си стори и не знае што ќе стори друго, засигурно ќе го отепа Хаџи Ташку, ако му рече Максим дека се покажал недостоен и затоа го откажува од старешинството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајката, ќе си речам, селото мое беше нагоре, зошто јас одам надолу. И ќе се повратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка му велеше на упорниот брат дека ние ќе си останеме без целосно семејно стебло поради проклетството на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе појдат на нива, ќе си отчукаат снопче и ќе си сварат житце. Ние ќе гледаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога живееш сама во куќа, кога ќе си дојдеш дома го проверуваш каменот покрај влезната врата за да видиш дали бил поместен во твое отсуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Река да ми тече од очите, ќе си го удавам детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште еден месец. После пет години работа, дома ќе си одиме!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И да знаеш, вели, ѕидањето ќе си има посебна цена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Којзнае какви нечисти сили му влегле, ќе си речам, и ќе слезам да го молам да не се тепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Прости.“ Чекорев зад неа. „Не сакав да те навредам. А ако пречам во куќата, ќе си одам. Можам да спијам и на својата кола.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дејан подголтнува и ме бакнува и ми кажува дека сум убаво грда, јас го галам по боцкавата брада и не сакам да знам што крие под таа газа, зошто му ја ставиле и кога ќе си оди оттука.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И тие, чиниш сториле што може да се стори, веднаш го заборавиле: зима е, старците умираат наесен. Затоа овој Дмитар-Пејко ќе си поживее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Командантите вршат проверка и сѐ исто велат и повторуваат: - Кој не копа длабок ров, тој брзо ќе си најде гроб...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можело да се претпостави само дека преку нејзиното чело се протегнала уште една брчка, нова и непозната, за капка пот во ноќите на стравот, во ноќите кога повторно ќе си ја прераскаже историјата за оној некој дедо на вториот Онисифор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе видиш дека пред вас ќе си појдам дома, вели, јас ја гледам куќата, вели, ене ја ондека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Летото конечно догорува И ете, тажно, во постојбина родена за цвеќе Едноставно ќе си умреш лете, квечерина.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
– „Силјане, му рекол Аџијата, при сѐ што те милувам многу, атер нема да ти остане, нема да седиш во моево седело, ами ќе си седиш на другиот крај на куќата, чунки нам ни е седелото домаќинска постела.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Поетот застанат спроти македонскиот јазик како да се наоѓа пред неосвоивата тврдина во времето: кога ќе си помисли дека ги отворил нејзините порти – се покажале други, трети...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе си и прибира селаните околу себе, ќе му помага во неволите, ќе и наоружува полека, полека, и кога ќе се нареди одозгора ќе и поведе во борба против агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И каков избор имам пред смрта, да го кажам тоа што толку долго чекаше да излезе од мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А си мисли во себе: „Ако не зема и за Петка, тој ќе си мисли оти зе, та сака од моите да му давам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зборовите се за арч. Само за тоа. Не се шегувам. Постојат такви зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И сѐ очите му беа во малата Анѓа. – Ете, да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе си го пратев со бацка му овчар; да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе ни помагаше на снопјето врзување, на жниење, на вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе си замислуваат желби и ќе бројат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниту пак ќе си помогнеме себеси ако ги прескокнеме минатите 40 години и со полно срце го прифатиме јазикот на современата западна уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„На првото славење на некој повод, ќе си подарите сами на себе златна табакера и во неа секое утро ќе си ставате по 7 цигари за тој ден“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ти реков дека ќе дојдам и дојдов. Одмандали ја вратата. - Како што си дошол - така ќе си одиш. И не враќај се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе влезат во некој кошмар и ќе си зборуваат нешто од недоветра, што се вели, што им останало врзано за душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да, бунарот стоеше како мртовец, покриен со привремениот капак. Ако ѕирнам, ќе си ја зголемам маката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Благодарам, - рече Димче Волшебникот. - Сам ќе си појдам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Доближи ми се. Копнеам да те видам и да те допрам. Дојди, ќе си позборуваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
– Тогаш нека вршат агите наоколу – со извесна иронија проговори поп Јаков. – Ние ќе си седиме, ќе си јадеме, ќе си пиеме цело лето, а назиме, ќе даде господ студ, ќе видат невидат, ќе го напуштат нашето златно Мариово и ние ќе си излеземе на пролет како гуштеричките.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Босанката Анѓа, која во Париз дошла од Белград, каде што работела кај една учителка како домашна помошничка и таму се омажила, дошла овде пред шест години со своето осумгодишно дете, со надеж дека ќе си создаде подобар живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едно време тргнали лесицата и в'ко да тераа за јадење нешто, на лов, и одејќи ѝ рекол в'ко на лесицата: - Ние ќе одиме заедно и шчо наеме, ќе си делиме!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со сила добрина не бидува, беше рекол помирливо игуменот, и нашиот Исус Христос тоа го проповедал, а тој што е зулумќар во зулум и ќе си ја догори свеќата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште кога го затворија, во еден проблесок на свеста, додека со лактите се бранеше од ударите по главата, сфати една, поправо две работи: дека ќе си одева од искрен збор и од лош алкохол, а највеќе од нивната комбинација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Останете со нас, со Турција. Турција ќе ви даде автономија, ако ме разбираш, а потоа ако сте умни, можеби ќе си напрајте и своја држава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Утре ќе си раскажеме која како поминала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа се разбира оти ќе си се љубите уште кога сте си младенци.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас тетка Рајна не ја затекував веќе дома кога ќе си дојдев од училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе ми дојде да му се изнавикам, сѐ да му наблискам. Пијан е, ќе си речам, и утре не ќе знае што сум му рекла. Барем ќе знам дека еднаш и јас сѐ сум му нарекла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„И јас ќе си купам...“ се сложи со мене Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Или ќе си го остави торбето со лебот на некое дрво, а тие ќе му го скријат и тој цел ден гладен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Брат ми последен пат ми плаќа кирија. штом толку поради тоа се дере.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ќе помине... сѐ ќе помине... како лоша луња ќе си помине... во неврат ќе си замине - стишено, молитвено си шепоти баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ела ќе си поседиме! — се јави Тода и се качи пак на дрвата за да можат да се видат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Морници ми полазуваат, Леме кога ќе си спомнам сѐ што можело да ви се случи за една таква празна, луда работа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некоја мајка и ќе си го натепа, ако треба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе си играл без свирка и тапани. Децата ќе викале: „Бегајте, иде свадбата на Караѓозо, бегајте, доаѓа лапнатиот, полудениот“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Или пак и ова може да се нарече отплаќање на некои неизмирени долгови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само тогаш. Ќе ми се навлажнат очиве и меѓуножјето. И ќе си кажам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Тие ќе ми ги подбуцнат штиковите под гушата, а јас ќе истрпнам и ќе си речам: господе, ќе си речам, зар и мене ми се доброја, ќе си речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АРСО: Се нема каде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сега беа тројца во оваа собичка, а само по малку двајцата ќе си заминат по тој врнеж, а едниот ќе остане тука сосема сам среде таа дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И секогаш кога ќе си спомнам, ми се гади.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слушал. - Кој си, што бараш? - Знаеш кој сум и знаеш што барам. Пушти ме да влезам. - Да влезеш? Зошто? - Знаеш зошто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе си одиме ние, што мислиш каде ќе одат луѓето од ова село? Случајно да не одат кај нашата власт?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Гледај, чудо: им дојде денот и на дивите коњи!“ ме начека.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Добро, де, - мирно рече таа, - јас ќе си купам „на божемски“ и ќе ти го донесам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сѐ ќе си остане негова тајна и мака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Партискиот секретар стануваше сѐ позагрижен поради овие барања, дури некој спомна на еден состанок, и оставка, а и тој самиот напати ќе си помислеше да си замине од функцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе се подзавртат и ќе си шепнат, вака, пред рака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Луман арамијата додаде: - Сега сите ќе си одите дома, а воловите ќе ви ги пасеме јас и јунаков.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Осип Сечковски кашлаше и плачеше. „Тој го убил моето воле со моја вила... Утре пак ќе си каснете пресно месо ...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има надеш, белки ќе си најде чаре, ќе прибере живот, токо еве — ве, јас ваа кошула а носи една родина здрава, а три како а носа крпена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сама сум си ја подгазила главата и сама ќе си ја вадам од под нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе си ги собујам опинците и ќе се спуштам со појасов два-три метри подолу.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога ќе пораснам, кога ќе се вработам, најпрвин ќе си купам авто.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас понекогаш ќе си отворам разговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После меѓата ако не му чини на некого, ти ќе си бараш работичка, ние ќе си бараме измеќар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седат таму и ништо друго не мислат, освен како ќе си го направат својот товар.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така самата со себеси ќе си отворам разговор, кога ќе бувне некој посилен топ, кога ќе се заниша куќава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оној што умрел на постелата на која се родил - исто како да не умрел. Уште малку и ќе си се вратам дома...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А се случува богами напати таа вода да се престори и блатиште по кое потоа со денови ќе газиме и ќе си го валкаме умот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бегаме газ преку глава, се тркаламе и ние со камењата, и облека и лице ќе си искинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе си имаме уште расправии со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Може да поминат и над моето село, ќе си велам, може да слезат во Костурското Езеро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ех, си мислел, да ми беше она слатко просениче, она суво лепче, слатко ќе си ручав.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па што ќе ми е веленце, ќе си речам во сонот, вели, кого ќе женам, кого ќе мажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми вели ќе дојде ден ќе ти покажам еден извор, ќе си земеш од него вода во едно шише и ќе си го обесиш на гуша.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога е топло ќе си седне дедо Спасе во дворот, ќе си го завитли лулето и ќе пувка важно, важно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Си мислат ќе минат сите вртоглавици, ќе дојде колце на тркалце и пак ќе си се вратат од каде што кинисале само сега како порцулански заб, петка горе десно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мажјето нека си а гледаат нивната работа, ние ќе си а гледаме нашата! — беа последните зборови на Митра околу ова „важно" прашање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас ќе си одам, вели, морам да си одам дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Блазе кој ќе си ја земе. Блазе!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас мислев дека оваа средба ќе биде последна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Децата весело извикаа...! Ураа! Ураа! Ураа! Ова е принцезата наша што очи боди, а по нејзе принцот, на бел коњ ќе оди, решивме денес круна да ѝ ставиме, и до утро журка ќе си правиме...!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Некој од селаните излезе напред и почна да им вели и да ги моли дека тука посигурен ни е спасот и дека во Долно Дупени, Љубојно и Брајчино си имаме роднини и кај нив ќе си останеме додека помине лошото и потоа ќе си се вратиме дома. – Не! – рекоа нашите партизани и ги вперија цевките кон нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ајде, мори, повјасајте, ќе им викам, ајде да ја претераме нивава, дури не се опрлила сосема пченкава, дури не се омацурила, ќе им викам и ќе си копам напред, одам пред сите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Соѕида и авури за воловите и коњите, амбари за житото, оти веќе сите нивчиња околу манастирот вдовицата Трна му ги ариза на „сајбијата“ да и го стори дел Пецето, инаку ќе си остане и без него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И јас ќе гледам така и ќе си ги јадам солзите, ќе си ги голтам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ВЕТА: Од сега ќе водам сметка. Ќе си запишувам! А особено откога ќе се земеме…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
— Море, бре браќа, ние сме си патници луѓе, ич не плашете се од нас. Ќе преноќеваме и ќе си одиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Туку ти лели си при мене, нема да те оставам овде, ќе ти барам некое чаре и ќе си одиме заедно дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако е к'смет ќе си помините ошче поарно. Ете, Доста е тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Троа мака, троа зорт долни крај, ќе си постенкам, ама баре дирек на куќата ќе си остава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
4. ГОЛЕМ ЗАЛАК ГОЛТНИ, ГОЛЕМА РЕЧ НЕ РЕЧИ - притоа и сит довека и спокоен до гроба ќе си, со таа слобода и пред олтарот на ропството клечи и моли за своето право да бидеш тој што не си...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Е многу е смешно. Би сакала да ѝ го смачкам тој пилешки мозок.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
В црква и на гробишта, вели, нов пат ќе води, пругоре низ сокакот Дамчески и Џокоски, а сите кои живеат во Дупка и на јужните падини на Станкоски Рид в црква и на гробишта ќе одат по нов пат, сами што ќе си го разгазат - одовде, накосо, над училишната и општинската ограда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ќе си го видат тилот!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу настани од животот на семејството и од судбината, Мајка ги кажуваше низ некоја народна поговорка или низ некоја што самата ќе си ја стокмеше, без да знаеме дали е нејзина или е позајмена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со години и години еден незнаен човек квечерина сам ќе си прошеташе по нашата улица и ќе исчезнеше, потоа, некаде во мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поп Петко се поисплаши кога го виде толку црвен, го фати за рака и за глава, го праша да не го боли нешто, и откако виде оти ништо не му е, со чудење го праша: — Ами оти толку рано ќе си легниш, Крле?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Две години затвор во Кожани. Кога си дојде дома, ми рече: - Јас, Ристанке, ќе си одам во Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Знаеш, ќерко, баракава ми ја дадоа зашто куќата што беше скоро за паѓање ја урнаа, а сама во неа не ми се седи. Па, ете, така, ќе си седиме со Марина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ќе си го видам детето, ќе ми олесни...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тодора длабоко зеде воздух: „Може ќе си речеш, оче, каква ли е оваа жена.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А, незгодата беше во тоа што Нерка си замина во три часот, татко ми се јави од Болница и рече дека непланирано мора да дежура, па така, дома ќе си дојде дури утре претпладне, а мајка ми никако да се врати од работа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Тогаш не купувам автобус, - рече, - ќе си купам сладолед.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Малку нашите да мрднат напред, непријателот ќе го напушчи селото и јас ќе си отида дома", — си мислеше тој, гледајќи од височината во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пожелно е да се најде човек со кого подеднакво и наизменично ќе си даваш внимание.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Керам, бегу. Пушти ја. Таа е нема.“ Залипа и повтори: „Таа е нема.“ Не-ма!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш доаѓаше Пане Скендеров со неговата поубава половина, Зденка, од која се разведе.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- И тој ќе ти остане тука многу денови сам и ни окото нема да му трепне, - рече Претседателот. - Ќе си остане, кога е ваков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Девојчињата ќе си ги омажи, машките ќе си ги изжени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е море, сете не можат тоа да го сторат, та кога би го сториле, белки и агите ќе си и пособерат пашките — пак Трајко одговори, осеќајќи се понижен пред овој горски паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иван спиеше на душекот. Тоа е најјасната слика што секогаш ќе ми излегува пред очи штом ќе си помислам за таа вечер.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со шумски јаготки во џебовите со здравец во мислите и планински воздух во срцата, ќе си направите ли муабет со овие стихови како што правите со буките и изворите Вие кои никогаш не сте ѝ биле туѓи нејзе, самата себеси што си е туѓа и заумна?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
КОСТАДИН: И ди имав, пак не давав!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Постоеше опасност Камилски да забразди во својата бесцелна реторика, да ја заборави првичната мисла за што беше, впрочем, и посветен ручекот: да се проверат на маса најзадржаните османскотурски заемки од областа на кулинарството, односно гастрономијата, како што тој претпочиташе да рече.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали е живо, господе, ќе си велам, и ќе ме тера нешто да купувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе бегаш и - олеле, олеле, ќе викаш и ќе си дуваш во прстите од силна болештина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакањето беше некое чувство на задоволство кога ќе се сретнеа и кога заедно ќе си играа во дворот и градината, иако на крајот играта завршуваше со плачење од страна на Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Моите гости си носат пијачка. Што ќе си донесат, тоа ќе си испијат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На главата круна златна стави, чудни движења со телото прави, и шмекерски вешто кокетира, закони и правила на сите им диктира... HAPPY BIRTHDAY ELENA Денес јас сум среќна роденден ќе славам, колачи и торта, сама ќе си правам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Така ли е, Пишпирикуле?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Што ја сотирате рибава... Тие како што си дошле, така еден ден ќе си заминат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе си го подвиткам, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе си спомнеше на вечноста најмалото пердувче му затреперуваше од среќа и тогаш белиот какаду ќе крикнеше бело среде ливадата на самоубиственото молчење.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И пак ќе си велам: како сум можела, господе, да не го сакам?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со тоа не мислам дека сите корисници ќе си создаваат свои светови, ќе се продаваат многу веќе изготвени производи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
МИТРЕ: Ништо, ние ќе си го пуштиме Анѓелета, со името на бога.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не знаеме каков вид дрво е. Се распрашавме, но никој не знае.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ми поразминало малку, па ќе си речам: ај собери се, Небеско, без него не можеш, а со него може да ти биде полошо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понекогаш ќе се заклучеа во соба со сестрите и ќе си читаа тивко, ќе се кикотеа, воздивнуваа...откога ќе останеше сама, Томаица ќе си пуштеше музика на грамофонот и долго си лежеше во креветот, во темница, гледајќи низ прозорецот во ѕвезденото небо, препуштајќи ја нејзината романтична душа на нежните крилја на мечтите за голема Љубов.... ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— „Ами, како! Како ќе му го кладе нунката, така ќе си го викам, само нека ми е живо".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бришиш делници, празници и пак не знаеш кога ќе си одиш дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога вистината ќе си беше цела, непроменлива, само тогаш сакаше да ѝ ја соопшти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- И каде ли ќе стигнеме ако само така секој ќе си оди каде што ќе му текне?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
АРСО: Па, сега нема што друго, ќе поседиш малку со нив, после тие сами ќе си одат.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се рекло дека, ако си го најдеш, најмногу од својот човек ќе си го најдеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
4 По недобивањето соодветен одговор К. П., во декември 2009-та, ја поднесува тужбата и, како што вели, позитивно е изненаден од времетраењето на судскиот процес – кој траеше четири месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Што бараш - ќе си најдеш! Што дробиш - ќе си сркаш!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Може и Пане ќе си дојде од Загреб тука да живее.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ќе дојде време вистината на мојата приказна ќе си го каже своето.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Еве, сега ќе цртам за приемниот испит, прво ќе го насликам портретот на баба ми, па твојот портрет и на крајот ќе си направам автопортрет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И, тие ќе си ги свртат главите од кај мене и ќе застанат да ме чекаат. — Ајде, Небеска! — Идам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го пуштам орото, ќе си се потргнам настрана и ќе си речам нешто под носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Запаливме оган, се изгреавме и сега ќе си легнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Попладнето дознав: Мила починала утрото, можеби тогаш кога за неа разговаравме со Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој првин ќе си вечера, а дури потоа ќе пее за љубов на уметноста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега ќе си заминете и вечер ќе бидете в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ги отвори наутро очите – трубата свири: - Трата-ту, трата-ту! И Зоки ќе си помисли: „Што убаво свири!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И пак ќе запрам и пак ќе си речам, што барам сега назад, ќе си речам, што барам кон местото откај што тргнав. И пак ќе се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И глеј, чекорите на мечката стануваат сѐ побавни, потивки. Се изморила, можеби, ќе си оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
КАТА: Сите утре! Сега вујко ти ќе си оди сам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Треба да се отргне извесно време од оваа бркотна средина, да појде кај своите, таму на лозјето. Ќе се одмори и ќе си дојде на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Море каков дедо, каков прадедо, вечно ли ние овде ќе си ги кинеме трбушките да пренесуваме товари”, викаа луѓето и опкршуваа околу куќата и гледаа од кое ќоше да почнат, кој камен првин да го тргнат, од кај да загризат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе ти текне да одиш на пример во Русија, ќе си одиш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како не излезе некој волк, ќе си велам, да ја лапне, да ја скине, и, сосе неа, да избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам зошто мислам дека нештата ќе се променеа и дека животот ќе ѝ беше поинаков... ама знам дека таа сигурно ќе си останеше истата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„И Филип ќе оди, да знаеш - супер ќе си поминеме“ „Во оние борови шуми на Малешевските Планини, па и крај вештачкото Беровско Езеро секако е пријатно и летно време“, се обидуваше Влатко да разговара со Теми, која божем незаинтересирана го слушаше разговорот и како да бара нешто меѓу учебниците и тетратките.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Барем сита ќе си умре, рече!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога ќе се смиреше, по испиеното кафе, во утеха ќе си префрлеше дека сепак не е негова работа да си го цепи умот за далечната иднина, за комунизмот, има за тоа поумни глави... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Седи си мадро и не прави будалштини.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Доста досаѓаш, досадна една! Ме мрзи сега да одам по наполитанки!“ - ѝ рече Ѕ на цимерката, која со лутење излета низ вратата велејќи дека ќе си купи сама.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Ти мислиш – се исчудуваше упорниот иследник. – дека јас треба да бидам лековерниот професор а ти итриот студентот кој е спремен да ми пружи на располагање само делчиња од своите знаења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И, мене, ќе ми се сожали, некако, за човекот, ќе ми падне грев, којзнае и нему како му е, пак ќе си речам, и ќе се истргам од класината зад амбарот. Ќе излезам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добро е што овие глупости не ги слушаш. Којзнае што ќе си помислеше. А можеби и ништо немаше да си помислиш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ќе ни дојде времето за одење кај вас, ќе се искапеш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земеш едно шише вода од другиот извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си одиме дома, ќе се потуриш и еве си пак човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас да можа да направа маѓии, ќе си направа за Мицето мое да си го прожена, токо толку да ти помине меракот, дај ми по еден шеј од него и од чупето, ќе му одврата вода, ама пак да не веруаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе ги чистам тревите, бурјаните околу гропчињата. Ќе кубам треба и ќе си зборувам, ќе тажам на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така... Јас ќе си лежам, ме разбираш, под дебелата сенка на чинарот, а таа, младата невеста, рано на сабајле, разбудена од пилето - билбил, фрас вака, фрас така со гранката - ќе ги тера од мене досадните мувишта...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Утрото ќе се собереме на подѕидокот од меаната Тренческа и ќе си ги кажуваме соништата, ќе си ги толмачиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се разбудиш и главата ќе си ја најдеш во некое вирче вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така ќе си редам во себеси и ќе се туткам на скалите, пред врата. Сама со ноќта, со ѕвездите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сепак, следниот ден по погребот, тој ми рече: Јас ќе си ја гледам работата, ама тука сум, ако нешто ти треба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но јас ќе си дозволам да повторам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури да трепнеш ќе те расчепатат и ќе си го однесеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да знаеше однапред, ќе си го ставеше медалот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега се беше повлекол еден чекор понатаму: во свеста се беше предал, но се надеваше дека душата ќе си ја сочува негибната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, добри мои читатели, да го завршиме разговорот со тоа што ќе повториме дека сите сме должни да се бориме за поубав свет, свет во кој сите ќе бидат еднакво среќни, во кои сите ќе се почитуваме и ќе си помагаме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако не дојде Панде додека ги изедеме ќе си одиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Работам и си мислам: може пак ќе си ја поврати ликата човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И таа ќе си замине во шумата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ ќе си најдеше некоја маана да дојде кај нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Побара вино да те лекува, сега лежи во плевнана и 'рчи. Дојди, ќе си поразговараме.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За негов к’смет воа се праве. Па ако сака да му а викна невестата, ако не — јас ќе си готва, он нека оде, нека си бара невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Земи го Молитвеников што ти го дадов и читај ги молитвите со длабока верба, но имај на ум - Господ им помага на оние што сами ќе си помогнат.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По куќите, по дворовите каде што го водеше, се собираше сето село; во некои куќи ги криеја децата да не гледаат, а некои жени ги покриваа очите со раце кога бикот ќе си ја запотераше својата работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И кога ќе имаат свои нации – држави, во немоќта да се раководат, ќе си продолжат да се повикуваат на Божјиот авторитет. Така ги навикнувале туѓинците, со векови!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стојан накратко му објаснил и зошто го викнал: – Ако не го потпишеш налогот за твојата жена, тогаш јас ќе ги потпишам двата и двајцата среќно ќе си живеете во НОВ ЧОВЕК.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И на птиците - еретици, помислувам, кои слетуваат право во пазувите на жените и во нив заспиваат како во библиско горје.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А кога одиме во Скопје, таму ги молиме големците, та им велиме, а бре луѓе, а бре браќа, отворете уште некој граничен премин за да ни биде полесно да доаѓаме во Македонија каде ќе си најдеме и некоја работичка било како аргати, било како ѕидари, само да капи некоја паричка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како по правило, таман кога ќе си ги натнам штиклите, а ученичките нестрпливо стискаат на свирката во автомобил, се буди „геријатријата“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нему му беше важно тоа: во затворот да владее ред и мир, та кој што сторил — ќе си најде од кадијата и ќе си отиде каде што ќе го испрати овој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нема да му забележвам, си мислев, ќе проголтам сѐ што ќе каже, иако немав ништо што ме врзуваше, потоа ќе си заминам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И ако денес не стигнам, секако утре ќе си дојдам пак, понавреме од денес... едно час, час и пол пред да отворат, па ќе си бидам меѓу првите дваесеттина...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вака, в глава, на место, ќе си останеме, да не тргаме маки и јадови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И тие ќе се наредеа, во низа ќе се наредеа и ќе си подаваа котли и грнци со вода, и ние ќе ги натуравме цевките. Бжж!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку ќе му се смалат очите, ќе застенка и ќе падне, ќе си го голтне јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите гледенија што ги добив до сега ми ја подгреваа надежта, дека ќе можеме по него да излеземе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јок „ти толку најде толку да дајш", јок „не најду толку, не давам волку", — ќе си направиме омразиа меѓу нас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш ми раскажа, иако јас сето тоа го знаев поинаку, онака како што го раскажуваа денгубите старци во Кукулино, не ќе си ја смират ли душата со туѓи гревови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бандо растрчуваше низ куќата и викаше по тапанџиите: „Удретее, нека чујат сите, нека чуе Профим, сето село: тој што купил камила, и вратата ќе си ја поткрене“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Убава е, и не е чудно што двајца црномазни и мазни млади луѓе (можеби персиски дипломати?) ѝ се испулуваат и ќе си зборнат притоа нешто на својот јазик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ела, Коле... (Го прегрнува Колета). Татко ти не ќе си дојде... Никогаш не ќе си дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе си фрлам вода на очите и ќе отрчам кај Уља, кај јатрва ми, да ги толмачиме соништата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зашто, навистина ако таа се праша, право ќе си каже: „Костадина го сакам“!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Мораше, по секоја цена, да понесе неколку правни и адвокатски прирачници кои му беа неопходни за неговата адвокатска служба која, ако го послужеше среќата, ќе си ја продолжеше и преку границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ќе собирам пари и кога ќе соберам многу, ќе си купам, ќе си купам ... нешто најубаво.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Во која дома ќе си одиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги наредев потилје, само на една страна свртени да спијат, ќе ги изброев и ќе си легнев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш ќе си ја отвореше душата. Стигнуваше дури до цариградското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Ти па, мораш нешто да зафркнеш – ѝ префрлив – што бараш дома во ова време?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе се разбудам и капки роса ќе си најдам на градите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јарето во срце ќе ти скокало, ќе те скокоткало, ќе си рекал и мемекал, оттогаш та довека.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- И јас, и мене ми е доста – му се придружив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Рожденката не ја дава ќерка си без пари, Крчо нејќе со пари, и така ќе си се врати на Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Кај да оди, шо да прави, јас ќе си ода со него, лели волку ме сака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Којзнае колку пати го повторивме орото и сега ќе си одиме на спиење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Својата слечена жолтокожност ја оставив висната на чивилукот во собата 43, во скопската Воена болница. (Жолтилото го задржав само во песните и во белките.) Утревечер заедно со мојот втор живот скромно ќе си ја прославам Старата Нова Година.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ќе читам и секој негов збор ќе си го превелувам со устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу не му се думав, затоа што мислев дека за кратко време ќе си купам нов автомобил.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Подготвен сум да се забавувам со него надолго и нашироко, бидејќи цртам портрет колку што можат да ми дозволат овој тап молив и овој изветвен лексикон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одвреме-навреме ќе си разменеа по некоја доверлива мисла што не можеле да си ја кажат на друго место, дури и пред најблиски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако е поместен, тогаш некој ти влегувал во куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе му поверувам на човекот. Ај, може и ова ќе помине, ќе си речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Барем децата ќе си видат кои бевме таму, што криевме ние од нив!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако само ја доведете оваа доктрина во прашање, небаре опасно сте збајале и сте го повикале страшниот злодух на инверзијата, отворајќи ја така вратата низ која може да се врати викторијанската психијатрија, со сите нејзини древни предрасуди за вродената абнормалност и псхопатологија на родовата девијантност на геј-мажите. ‌Но, сѐ додека се чипчиме за претставата дека гејството може да се сведе на избор на истополов сексуален објект, дека нема никаква врска со тоа како живееме и со она што ни се допаѓа, дека нашата хомосексуалност целосно се обликува пред некако да се изложиме на геј-културата и независно од неа – и сѐ додека се држиме за тоа верување како за некаква догма – сѐ дотогаш издржливоста на геј-културата ќе си остане вечен срам, како и нерешлива аналитичка загатка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако се фатиш да се обришеш, кожата в раце ќе си ја најдеш, на голи вилици ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова е само сон, ќе си речев и ќе продолжев да спијам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А дедото додаде: „И волкот сит и овците на број“, што на него му значеше дека ќерка му раат ќе си лежи на патологија, а мажиштево од зет, ете, со нивниот благослов и пари ќе може да си ја задоволи страста.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Добро, доста е.“ И пак не ме погледна. „Ноќва спиј во друга куќа и не доаѓај кај нас.Никогаш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над него се наведнале две сенки. Го прашале како му е. Им одговорил со офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас ќе си дозволам да не се согласам со такво длабоко политичко „далековидување”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така е тоа: маваш со врпал и си ги соборуваш врз глава оревите на вчерашната темница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Пушти ме, мајко, сама ќе си одам, вели Капинка и се истргува од рацете мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе си ставиш некој магарешки трн под главата и ќе си легнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Шпиуни меѓу нас нема, а страшливците ќе си ги сошијат устите, — се провикна Шаќир и му се опули на Јована в очи, познавајќи го како колеблив и плашлив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Шампањско немаме, ама ќе си наздравиме со наше домашно вино“ - налеваше во чаши дедо Владимир.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оти да умреме неомрсени, Теменуго, ќе си блада.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе кркаме и ќе си го дрвиме в бечви божем сме младоженци.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така и двајцата ќе си го добиеме она што го сакаме.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури и Светото Писмо вели дека постојат два типа луѓе: едниот е номад, а другиот – земјоделец; едниот сака да освојува нови и непознати светови, а другиот најубаво се чувствува кога ќе се сврзе за својата нива, ќе си квакне во своето народно духовно кеневче, па ќе расправа прикаски за големината на народниот дух и ќе си потпрднува од националниот грав, негово лично производство, најголемиот симбол на светиот дух на неговите предци.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не, жено, ќе си останев јас на коравата смолница. И сѐ уште ќе бев таму да не ги собраа козите и да не ја заковаа земјата во колективите. Бевме меѓу чеканот и наковалната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Знам. мило момиче, си втонала во моиве очи - така ќе си векуваме со една виделина - смирено диши Ѕвезда, небаре спие.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе си ја наседне со газот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под јазик ќе си ги криеме, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако ништо друго, барем ќе може да избира вакви Катиња, Цветиња, Митриња, Достиња, кои ќе му се бендисаат, и ќе си ги држи на кулата за „своја душа".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кој има пари ќе си купи, а кој нема - ќе гледа и ќе си собира плуканици, ќе подголтнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш и Ели и јас не ќе си поминевме добро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
— Ете шо ќе правиме: ти вечер ќе си одиш дома и утре в зори те чекаме на Маргара, кај чешмичето, со некој и друг сомун леб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Осмоодделенците ќе си заминат, па ќе треба екипата да се пополни...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Утот остана при своето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Потоа ќе си добие онолку колку што треба, додадов.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Добро, ќе си дојдам , ми вели, ти оди, а јас ќе си дојдам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вие, кај ќе одите, шо ќе правете, ќе гледате да си најдите по некое пусатче. Пушка, пишчолче, чифте, тек. Колку поздраво — толку поарно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селанка сум родена, селанка ќе си умрам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Па господ ме дал, господ нека ме земе, ќе си речам, и пак ќе се окуражам: - Ајде, бре, колете, ќе им речам, што чекате? Не се противам, ќе им речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таков избор направил и Чанга со козите. Тој што ќе се осмели да ги грабне од смртта и самиот ќе си пресуди.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ЉУБА: Никакво раскажување, - или јас ќе си одам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И Мечето пишуваше по два три пати една иста вересија, која по неколку месеци ќе ја плаќа Брајан кога Петруш ќе си ги земе тевтерите и ќе му оди в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нека подраснат троа и ќе си и зема со мене, — си велеше во умот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кисело се насмевнав. - Ќе ме купувате еден од друг, - со надеж изустив. – Ќе си поиграте троа и ќе ме одврзете.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еден авион ќе си го истера редот, а друг ќе се зададе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Среќко: Би требало да се навредам, но јас сум џентлмен и прифаќам критика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Каде и да е, ќе си дојде тој во Влае”, си повторуваше одејќи кон поликлиниката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас меси, она смете, почисти, изми и сета ќе си седнеме да си се накркаме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По многуте чуда на својот пат, се соочив со уште едно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Баба ми ме зеде мене за рака и ја крена Љубица, а прашалките ги стави на колкот и така нѐ однесе дома и уште се обидуваше да ме лаже – ќе си дојде мајка ти подоцна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некогаш само малку да му ја свртиш браздата, си мислам, само малку да му ја скршниш водата, и плеќите ќе си ги најдеш кај мевот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наставникот по фискултура имаше двојна улога: и тренер и судија. Се трудеше да биде справедлив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ќе се обеси кога ќе си го видиш тилот“, мудро се сети Никола Влашки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш ќе може да поработи малку. А потоа ќе си се врати кај Мара и сѐ ќе биде добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или, ќе исчезнат, ќе го променат изгледот, ќе научат да го зборуваат проловскиот сленг, ќе се вработат во некоја фабрика и така непрепознати ќе си ги одживеат животите во некоја споредна улица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му рече: „Секоја вечер кога ќе си легнев, заспивав со твоите раце под плешките и рамената во твоите дланки...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И отако ќе си замине крмакот, ќе слезе и мечката од буката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ќе си ја заниша главата, наполу луто, наполу лукаво и ќе ти одреди местенцето до нужникот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Целиот благо се згрчи. Не може така, вели потоа, Ќе си одиш!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На рецепцијата на зградата, во еден голем подавалник, секое утро имаше топли американски колачиња „кукис“, па јас и ти на излегување од зградата ќе си земевме по неколку.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сите ќе си помислат дека сме се согласиле да се грчиме, вели Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не знам што ќе правам без тебе, ми рече, кога ќе ми текне дека утре ќе си одиш ми паѓа тешко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ќе си седи мадро, како поп, шо велат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Велам: - Јас кога ќе си легнам, мислам дека никаде нема празно место за сонување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
4. ДАЈ МИ, БОЖЕ, ОЧИ ДА ЈА ГЛЕДАМ - и сите ѕвезди тоа боже зеници да ти ги всади нели е таа како сонце заслепен ќе си везден, а огнот љубовен, ко месец, ќе ти ноќева во гради...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Штом ми пишете да си дојдам крилја ќе си ставам и веднаш ќе се најдам овде кај вас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„А како ќе го наречеш оној кој ќе си продаде куќа на Корзото за да купи колиба на Анѓелско Езеро?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега и овој е упропастен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А може и да не знаел, ќе си речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Влези, Пупи Паф, ќе си поприкажеме. Моите внатрешни ѕидови ќе те пречекаат со песна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Може овој пат, ќе не замине болеста, си мислам, може дошла само да нѐ потплаши и ќе си замине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оди ти, Доцо, дупи си прстите цело зимо, а Бојанка ќе ѝ навре утре готова алова кошулка и ќе си и облече дечињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вие ќе си спиете внатре, а баба Анча овде, под црницава да ве чува. Блазе ви!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сетне, ќе си поприкажев со домашарката- другарката за сѐ и сешто, за она што било и поминало.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Времето е такво, вели, ќе се бркаме со сојките и ќе си ги крадеме зрната жито.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отец Висарион, ќе си ја пушти сенката кон мене, ќе ме покрие ко облак неговата сенка и потоа ќе ги чујам и неговите чекори од квачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)