(едн.) сметководството
Вид збор: Именка, среден род
Водење книги по сметките.
Примери:
трговско сметководство
Посебна организациска единица што се занимава со системно книжење и следење на сите видови промени и состојби во имотот и работата на стопанската организација (книговодство, пресметка на производството, благајна, ликвидатура, финансиска статистика, финансиско планирање).
Примери:
Работи во сметководството.