afterwards - онтологија

отпосле повеќе

Вид збор: Прилог
Подоцна, по некое време.
Примери:
Отпосле му текна што да рече.

после повеќе

попосле
Вид збор: Прилог
Потоа, по некое време.
Примери:
Се напи од водичката, а после го извади кавалчето и почна да свири.

потем повеќе

Вид збор: Прилог
За време - потоа, после.
Употреба: Архаизам
Примери:
Потем седна на прагот и некое време седеше.

потоа повеќе

Вид збор: Прилог
За време - по некое време.
Примери:
Веднаш потоа, го чу нејзиниот глас.

сетне повеќе

Вид збор: Прилог
после
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Сетне останала сама.

тогаш повеќе

Вид збор: Прилог
потоа, после
Албански: pastaj
Примери:
Да ги извадам на пат децана, па тогаш и нека умрам.