agriculture - онтологија

аграр повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за земјоделство, за земјата, за законите сврзани со земјишните односи и сл.
Примери:
Состојбите во аграрот.

агрикултура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
земјоделие
Примери:
Одредбите за агрикултура во рамките на Северноамериканската зона на слободна трговија.

земјоделство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Наука која се занимава со проучување на начините за обработување на земјата во стопански цели.
Албански: bujqësi
Употреба: Наука

полјоделство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Обработување земја, главно одгледување житни култури.
Албански: bujqësi
Употреба: Земјоделство
Примери:
Селаните од Овчеполието со генерации работеа полјоделство.
Наука што се занимава со проучување на начините на обработка на земјата, главно на обработливи површини, на полиња.
Албански: bujqësi

ратајство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Обработка на земјата како стопанска гранка.
Примери:
Во периодот на неговото ратајство, тој се разболе.