alarm - онтологија

аларм повеќе

мн. аларми
Вид збор: Именка, машки род
тревога
Албански: alarm
Примери:
Силното пиштење на сирената даде знак за аларм.
Апарат за тревога.
Албански: alarm
Примери:
Скоро сите скапи возила имаат аларм.

беспокои повеќе

беспокојат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се беспокои) Се наоѓа во состојба на неспокој, се вознемирува.
Албански: shqetësoj
Примери:
Човекот се беспокоеше заради кавгите со соседот.

збудали повеќе

збудалат
Вид збор: Глагол, свршен
Растревожи, вчудовиди.
Албански: alarmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Збудали кога го виде со крваво лице.

пораздвижи повеќе

Види и: раздвижи (св.)
пораздвижат
Вид збор: Глагол, свршен
Вознемири, разбранува малку, во некој степен.
Албански: shqetësoj pak
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговиот говор го пораздвижи мислењето на членовите.

потресе повеќе

потресат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потресе) се вознемири, се возбуди
Албански: shqetësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Народот се потресе од неочекуваната вест.

растревожи повеќе

Види и: тревожи (несв.)
растревожат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика тревога, немир.
Албански: shqetësoj, alarmoj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Ништо не можеше да ги растревожи.

смути повеќе

смутат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика смут, метеж, возбуда, немир.
Албански: ngatërroj, pështjelloj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Го смути народот.
(се смути) Дојде во состојба на смут, се растревожи.
Албански: shqetsohem, ngatërrohem
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Се смути масата.

тревога повеќе

тревогата
Вид збор: Именка, женски род
Силна вознемиреност, возбуденост.
Албански: alarm
Употреба: Книжевен збор
Сигнал што предупредува за опасност.
Албански: alarm
Употреба: Воен термин , Книжевен збор

узбуна повеќе

Вид збор: Именка, женски род
тревога
Српски: узбуна
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Каква узбуна човече, какви алармантни извештаи.