amoral - онтологија

аморален повеќе

аморални
Вид збор: Придавка
Што е без чувство за морал.
Примери:
Обвинението, а и некои сведоци, го товарат како асоцијален, неодговорен, аморален и бескарактерен човек.

белосветски повеќе

белосветскиот
Вид збор: Придавка
Неморален (обично за жена оддадена на блуд).
Употреба: Груб збор
Примери:
Пред неа беше стварноста: голем имот, куќа и маж што спие со белосветски жени.

порочен повеќе

порочни
Вид збор: Придавка
Што заслужува осуда, што е спротивен на моралот.
Примери:
Порочен живот.