announcement - онтологија

известие повеќе

мн. известија
Вид збор: Именка, среден род
соопштение
Албански: njoftim
Примери:
Известието за состанокот беше обесено на влезната врата.

најава повеќе

мн. најави
Вид збор: Именка, женски род
Претходно јавување, известување, навестување (за иден настан: посета, приредба, концерт, предавање).
Албански: paralajmëroj
Примери:
Најава на вести.

објава повеќе

мн. објави
Вид збор: Именка, женски род
Писмено или усно соопштение за нешто; јавно известување.
Албански: njoftim
Примери:
Сите медиуми ја пренесоа објавата за штрајк на работниците.

оглас повеќе

мн. огласи
Вид збор: Именка, машки род
Јавно писмено или усно извеcтување за нешто (преку весник, радио, на огласна табла).
Албански: shpallje
Примери:
Оглас за продажба на станови.

пријава повеќе

мн. пријави
Вид збор: Именка, женски род
Најавување учество во натпревар, конкурс, собир и сл.
Албански: njoftim
Примери:
Тие поднесоа пријава за учество на собирот.

соопштение повеќе

мн. соопштенија
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што се соопштува; податоци што се предаваат од некого или нешто.
Албански: deklaratë
Примери:
Пристигна сензационално соопштение.

соопштување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
соопштува