argue - онтологија

аргументира повеќе

аргументираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изнесе, изнесува аргументи.
Примери:
Таа ја аргументира секоја негова постапка.

запречка повеќе

(се) запречкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се пречка.
Албански: ngacmoj, përlahem
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Децата се запречкаа.

кара повеќе

караат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се искара) Се лути на некого или на нешто.
Албански: hidhërohet
Примери:
Во посланието, тој им се кара на своите адресати поради тоа што потпаѓаат под влијанието на јудаизмот.

наговори повеќе

наговорат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наговори) Се скара малку, се потскара, cи рече непријатни зборови со некого.
Албански: argumentoj
Примери:
Се наговорил со соседот, па поретко се гледаат.

попрепира повеќе

Види и: препира (несв.)
се попрепираат
Вид збор: Глагол, свршен
Се препира малку, некое време.
Примери:
Тој се попрепира со сите присутни и излезе низ вратата.

поспречка повеќе

поспречкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се спречка малку.

поткара повеќе

поткараат
Вид збор: Глагол, свршен
Скара некого малку, во мала мера.
Албански: qortoj pak
Примери:
Тој ги поткаrа децат зашто задоцнија.
(се поткара) Се скара малку со некого, се скара еден со друг.
Албански: hidhërohem, qortohem
Примери:
Вечерта тие се поткараа.