around - онтологија

едно повеќе

Вид збор: Прилог
приближно
Примери:
Јас досега едно десетпати сум патувал со тебе.

наоколу повеќе

Вид збор: Прилог
На сите страни околу нешто.
Примери:
Испоседнаа сите наоколу.
Во близина, во околината на нешто.
Примери:
Шетавме наоколу во слободното време.
Заобиколувајќи нешто.
Примери:
Одете наоколу, подобар е патот.

некаде повеќе

Вид збор: Прилог
Неопределено, непознато кога, приближно во некое време.
Примери:
Се родил некаде при крајот на минатиот век.

одоко повеќе

Вид збор: Прилог
Приближно, оценето со поглед, неоценето на соодветен начин, неизмерено со соодветно средство за мерење.
Примери:
Имаше дваесет луѓе, одоко кажано.

околу повеќе

Вид збор: Прилог
во околината
Примери:
Куќата беше одделена од другите, а околу заградена со високи дрвја.