Вид збор: Прилог
настрана, отстрана
Примери:
Ја сврте главата встрана.
Вид збор: Прилог
На страна, на некоја страна (просторно).
Примери:
Седна малку настрана.
Одложено, изделено, не земајќи нешто предвид.
Примери:
Да го оставиме сега тоа прашање настрана.
Вид збор: Прилог
Компаратив од настрана.
Примери:
На стотина метри понастрана од патот имаше неколку карпи.
Настрана, одделно од другите, посебно.
Примери:
Таа од некое време се држи понастрана од нас.