asylum - онтологија

азил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји.
Албански: azil
Употреба: Политика
Примери:
Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени.
Неприкосновено место (во средниот век црквите и манастирите) каде што обвинетите можеле да се засолнат и да избегнат казна.
Албански: azil
Употреба: Историја
Примери:
Таа дојде сама спасувајќи се и ние ѝ дадовме азил.
Установа за згрижување болни, малолетни и сиромаси.
Албански: azil
Примери:
Беше отворил азил за болните од водена болест и за умоболните.

потслон повеќе

мн. потслони
Вид збор: Именка, машки род
прибежиште
Примери:
Нашле потслон кај некој добар човек.

прибежиште повеќе

мн. прибежишта
Вид збор: Именка, среден род
Засолнување од тешкотија, непријатност и сл.
Албански: strehim
Примери:
Селското население барало прибежиште во градот.

прифатилиште повеќе

мн. прифатилишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се прифаќаат бегалци, жртви на насилство, ранети и сл.
Примери:
Прифатилиште за жртви на семејно насилство.