bait - онтологија

блинкер повеќе

мн. блинкери из. мн. блинкера
Вид збор: Именка, машки род
Вештачки мамец што служи за ловење риби, обично во спортскиот риболов.
Германски: Blinker
Примери:
Рибата го скина конецот сосе блинкерот.

мамка повеќе

мн. мамки
Вид збор: Именка, женски род
Нешто со што се мами.
Примери:
Бараше мамки за риби.

стапица повеќе

мн. стапици
Вид збор: Именка, женски род
За луѓе - примка, замка.
Албански: kurthë, grackë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му стави стапица.

стрв повеќе

(едн.) стрвта
Вид збор: Именка, женски род
Парче животинско месо што се става како мамка при ловење.
Албански: kërmë, stërvin
Примери:
Волкот ја помириса стрвта и избега.