beautiful - онтологија

ѓузел повеќе

Вид збор: Придавка
убав, прекрасен
Турски: güzel
Употреба: Народна поезија , Неменлив збор
Примери:
ѓузел девојче

кипра повеќе

Вид збор: Придавка
За мома, невеста - убава, стројна, бујна.
Употреба: Народна поезија
Примери:
убава девојка, кипра

красен повеќе

красниот
Вид збор: Придавка
прекрасен, многу убав, сјаен
Примери:
красна жена

писан повеќе

писани
Вид збор: Придавка
убав, строен
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Бре ти, малечко, писано!

убав повеќе

убави
Вид збор: Придавка
За човек - со привлечни црти на лицето, телесно правилно граден.
Албански: i bukur
Примери:
убав маж, убава жена
За животно или нешто друго, пријатно на изглед.
Албански: i bukur
Примери:
убав коњ, убави цвеќиња, убава куќа
За време - сончев, топол, јасен, пријатен.
Албански: i bukur
Примери:
убав ден, убава есен