bishop - онтологија

бискуп повеќе

мн. бискупи
Вид збор: Именка, машки род
Католичко свештено лице што управува со бискупија.
Употреба: Црковен термин

владика повеќе

мн. владици
Вид збор: Именка, машки род
Висок православен духовник што е на чело на епархија.
Употреба: Црковен термин
Примери:
Дедо владика.

епископ повеќе

мн. епископи
Вид збор: Именка, машки род
Лице од повисок ред во хиерархијата на православната црква што раководи со свештениците во едно црковноадминистративно подрачје.
Албански: peshkop
Употреба: Религија

ловец повеќе

мн. ловци
Вид збор: Именка, машки род
Фигура во шахот што се движи дијагонално и не ја менува бојата на полето.
Албански: oficer
Примери:
Мат со ловец и коњ.