bitter - онтологија

аџи повеќе

Вид збор: Придавка
горчлив
Турски: acı
Употреба: Архаизам , Неменлив збор
Примери:
Аџи абер - горчлива вест.

горко повеќе

Вид збор: Прилог
тешко, мачно
Примери:
Тешко и горко! - тешко (некому).

горок повеќе

Види и: горчлив (прид.)
горкиот
Вид збор: Придавка
горчлив
Употреба: Ретко
Примери:
горок мирис
Што е исполнет со горчина.
Примери:
горка насмевка

горчи повеќе

горчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има непријатен, горчлив вкус како пелин или кинин.
Примери:
Многу од нив не се за јадење, горчат.

горчлив повеќе

горчливи
Вид збор: Придавка
Што има непријатен вкус на пелин, на кинин.
Албански: i hidhur
Употреба: Гастрономија
Примери:
Горчливи лекови.
Што е непријатен, мачен.
Албански: i hidhur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бев сигурен дека тоа грло до врв е преполнето со некоја горчлива тага.

догорчи повеќе

догорчат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми, (ти, му ...) догорчи: почувствува горчина.

јадлив повеќе

јадливи
Вид збор: Придавка
Исполнет со јад, со горчина.
Примери:
Тој имаше јадлива насмевка на лицето.

опор повеќе

опориот
Вид збор: Придавка
Што има киселкав и малку горчлив вкус што ја собира устата, што тешко се голта.
Примери:
Касна, и тврдото, опоро касајче ѝ го стегна грлото.

отров повеќе

мн. отрови
Вид збор: Именка, машки род
Нешто со многу горчлив, лут, солен вкус.
Албански: i hidhur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пиперкава е отров, многу е лута.